ЗАЕВ ПОЧНУВА ДА ,,ЈАДЕ“ ЖИВИ ЛУЃЕ: Манчевски најави дека ќе бркаат луѓе од администрација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скандалозната изјава на Зоран Заев од пред неколку години дека кога СДСМ ќе дојде на власт „ќе јадат живи луѓе“ и дека ќе бркаат „од чистачка до министер“ почнува да се остварува. Министерот за информатичко општество и администрација, кој воедно е и потпретседател на СДСМ, Дамјан Манчевски вчера најави бркање од работа на партиски неподобни лица и вработување на партиски кадри на СДСМ.

Манчевски вчера на дебатата со граѓанскиот сектор на тема реформа на администрацијата, организирана од Министерството за информатичко општество и администрација рече дека јавната администрација се соочувала со превработеност, но немало доволно стручен кадар, а институциите имале несоодветна екипираност.

-Во јавната администрација има превработеност, но и недостиг од стручен кадар, рече Манчевски, што практично значи бркање од работа на  партиски неподобни лица, а на нивно место вработување на партиски кадри. На ваквиот став на Манчевски се надоврза новиот владин генерален секретар, Драги Рашковски, кој рече „пребројноста треба да не плаши во смисла на оптеретување на државниот буџет“.

Манчевски додаде дека предвидуваат унапредување на моделот на оценување на службениците и укинување на мерките на слаб ефект, што според познавачите значат инструменти за бркање од работа на партиски неподобните лица.

Во декември 2010-та година, Заев беше снимен во партиско-канибалистички напад. Сега новиот премиер тогаш од функција на потпретседател на СДСМ најави партиски вработувања кога ќе дојдат на власт и тоа до ниво на братучеди на членовите на СДСМ.

-Почитувани социјалдемократи, ако ве прашаат што со пренатрупаната државна администрација од ВМРО-ДПМНЕ, да им кажете дека Заев беше во Валандово и рече дека ќе ги бркаме од работа. Тие тоа треба да го знаат. Свесни сме дека ако сакаме да бидеме на власт, треба да влеземе тимски, од хигиеничар до министер во секој ресор во државата и така имаме намера да ја водиме Македонија, рече Заев.

Истиот оној Заев кој сега порачува дека „работното место не смее да зависи и нема да зависи од тоа дали сте член на партија“, тогаш тврдеше дека партијата ќе вработува свои луѓе за сметка на оние вработени додека на власт била ВМРО-ДПМНЕ.

– Велат вие сте меки луѓе. Вие заборавате и кога ќе дојдете на власт, ќе бидете истите. Живи луѓе има да јадеме после тоа! Новиот концепт којшто се повеќе ќе го слушате и којшто ќе значи целосно намалување и кастрење на администрацијата од една страна, ќе значи отварање на наши работни места за нашите луѓе. Ако сме успеале сето ова време сите наши активисти да ги згрижиме со минимум по еден член од нивното семејство, сега преминавме во фаза да ги згрижиме нивните братучеди, вели Заев.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This