ЗАЕВ ПО АЛБАНСКИТЕ, АХМЕТИ ПО ПРАВОСЛАВНИТЕ ГЛАСОВИ: ДУИ ќе кандидира православен Албанец за пратеник во петтата изборна единица!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за изборите на 11 декември сериозно ќе игра на гласовите на православните Албанци и на кандидатската листа во Петтата изборна единица високо позициониран ќе биде Бранко Манојловски, брифираат од партијата. Ова ќе биде првпат ДУИ на листите за пратеници да номинира православни Албанци.

manojlovski_dui

 

Манојловски е меѓу првите што јавно се прокламирале дека се православни Албанци од Македонија. Ахмети и ДУИ изминативе неколку години интензивно се залагаат за афирмација на етничката групација православни Албанци. Иако од ДУИ велат дека во прв план не им е битката за гласовите на ортодоксните Албанци, не треба да се превиди дека секој глас е добредојден да легне на партиското конто за изборите.

Веќе објавивме дека Ахмети за Петтата изборна единица подготвува изненадување, но од ДУИ нема потврда дали Манојловски би можел да биде носителот на „петката“.

Манојловски по потекло е од Горна Река и иако веќе 40 години работи во САД , честопати доаѓа во Македонија. Тој е почесен претседател на друштвото „Јосиф Багери“, кое се залага за афирмација на припадниците на оваа заедница. Самиот Манојловски тврди дека во Македонија има околу 300.000 православни Албанци.

Ахмети изминатиов период не го криеше интересот за православните Албанци и лично тој и претставници на ДУИ присуствуваа на разни активности. Неодамна во Македонија е регистрирана и верска заедница на православните Албанци.

– Православната албанска заедница во Македонија зафаќа значајно место во нашата политика и претседателот Ахмети лично беше многу ангажиран за ревитализација на оваа заедница. Таа заедница е угнетувана и дискриминирана изминативе децении и битно ни е да ја ревитализираме – вели висок функционер на ДУИ.

Освен дека Ахмети ќе биде носител во Шестата изборна единица, од ДУИ с` уште калкулираат со кандидатите што ќе треба да бидат ударните тупаници во другите изборни единици. Извесно е дека на листата за „шестката“ ќе се најдат и пратениците Хазби Лика, Талат Џафери и Џеват Адеми.

Допрва Ахмети ќе треба да пресече кој ќе биде носителот во Првата изборна единица, каде што е извесно дека на листата повторно ќе биде пратеникот Артан Груби. Проблем на Ахмети му задаваат раскараните групи предводени од Рафиз Алити и Блерим Беџети од разгранокот на Сарај, така што може да се случи наместо носител од Сарај, за „единицата“ да се бара компромисно решение.

За Втората изборна единица во игра се двајцата пратеници – Мирван Џемаили и Реџаил Исмаили, доколку Ахмети пресече „двојката“ да ја предводи кадар од Kумановскиот или Липковскиот Регион.

Kај Петтата изборна единица, ДУИ калкулира и со тоа дали да игра со пратеникот Рамиз Мерко, бидејќи тој е можен кандидат и за кандидатурата за градоначалник на Струга за претстојните локални избори.

Засега ДУИ ја официјализира кандидатурата само на пратеникот од дијаспората. Носител на листата во Седмата изборна единица ќе биде Џевдет Спахиу, по потекло од Западна Македонија , кој живее и работи во Швајцарија. ДУИ веќе најави дека на изборите на 11 декември очекува еден пратенички мандат од Европа.

Во албанскиот блок досега само ДПА на Мендух Тачи ги обелодени пратеничките листи, додека и ДУИ и опозициските партии и коалиции с` уште тактизираат со кандидатите.

Од коалицијата на ДР-ДПА на Зијадин Села, Унитети на Гзим Острени и НДП на Весел Мемеди допрва ќе ги кројат пратеничките листи. Дознаваме дека засега е извесно оти во изборна битка со Ахмети и Тачи во Шестата изборна единица ќе биде и Зијадин Села како носител на листата на коалицијата.

Ексзаменик-министерот за одбрана од ДУИ, Арбен Лабеништа, адут на Беса

Движењето Беса вчера обелодени дека во нивните редови доаѓа поранешниот пратеник и заменик-министер за одбрана од ДУИ, Арбен Лабеништа. Лабеништа пред една и пол година ја напушти ДУИ. Kако што веќе објавивме во минатата недела, претставници на Беса преговараа Лабеништа да дојде во нивната партија. Со ова Беса ги зајакнува позициите во Петтата изборна единица, од каде што доаѓа Лабеништа. Од партијата не откриваат дали поранешниот пратеник и заменик-министер на ДУИ ќе биде носител на листата на Беса за „петката“.

Мариела Траjковска

Дневник

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This