Заев по изјавата на Седат Пекер треба да се повика на информативен разговор во cyд и да одговори за издадените 214 пасоши на нapkо бocoви

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Изјавата на Седат Пекер јасно укажува оваа криминална мафија се случи во време во која што на власт е СДСМ, министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски од редовите на СДСМ и во најмала рака јас очекувам после вакви изјави судството да се охрабри и да ги повика на информативен разговор”, истакна Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само Вистина”.

Митева додаде дека Зоран Заев треба да биде повикан на информативен разговор за да даде одговор на одредени прашања, одговори заслужува и јавноста.

„Зоран Заев треба да одговори зошто, за кои цели се сретнал, како се овозможени тие 214 пасоши на нарко босови, мафијаши кои што имале можност да престојуваат во Република Македонија. Дури имале и сопствено обезбедување. Ова е скандал од меѓународни размери”, рече Митева.

Митева посочи дека со СДСМ на власт правда нема. Главните и крупни криминалци се заштитени од законот. А, пасошите кои што се издадени на криминалци се уште се активни за жал.

Во текот на емисијата Митева се осврна и на темата 27 – ми април каде што посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не бара слобода, ниту амнестија, туку бара правда, процес и употреба на нови докази.

„Што е најважно околу случајот 27-ми април? Прво, дали е направено насилство? Да направено е, потврдувам дека е направено насилство. Дали згрешиле луѓето кои што влегоа во Собранието? Да. Дали тие се свесни за тоа? Да, свесни се. Но, дали луѓето кои што го овозможија тоа, и ги отворија вратата се наоѓаат на осудителна клупа или се ослободени од затвор за други цели, и тоа е многу важно прашање. Она што е важно што го бара ВМРО-ДПМНЕ не е слобода, ниту амнестија, тоа никогаш не сме го барале, туку ВМРО-ДПМНЕ бара правда, процес, и употреба на нови докази”, појасни Митева.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This