Заев по НАТО самитот заминува во Софија на средба со Радев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот до крајот на неделава ќе патува во Софија на средба со претседателот на Бугарија. Ова го договориле лично на средбата која се одржа вечерва во Брисел на маргините на Самитот на НАТО. Во фокусот на разговорот помеѓу Заев и Радев било јакнење на добрососедството за што бугарскиот претседател истакнал дека Бугарија очекува непосреден и активен политички дијалог за изнаоѓање на решение за отворените прашања. На средбата биле согласни и потенцирале дека е присутен позитивен знак во односите меѓу двете земји што го постигнале двајцата претседатели Радев и Пендаровски при нивната заедничката посета во Ватикан.

Билатералното партнерство во областа на безбедноста и одбраната, и можноста за проширување на соработката во областа на воената обука и размената на кадети меѓу двете земји, беше исто така дел од темите, стои во владиното соопштение.

Непосредно пред средбата, Заев изрази очекување дека Македонија може да има само корист од овие состаноци.

„Сите средби за нашата земја донеле бенефит. Од разговорите можеме да искечуваме само исчекори кон подобра иднина за целиот македонски народ, за сите наши граѓани, за нашата земја. Јас очекувам дека низ разговори можеме да најдеме решение затоа што навистина е предолго. 20 години со Договор за асоцијација и стабилизација, 16,5 години земја-кандидат. Верувам дека првиот сосед, Република Бугарија, конечно ќе даде поддршка да го направиме следниот чекор, а тоа е одржување на првата меѓувладина конференција“, рече Заев.

Во посредничка улога на Самитот веројатно се вклучил и францускиот претседател Макрон, кој претходно вети дека лично ќе се ангажира за решавање на спорот. Од фотографиите се гледа како тој одделно разговара најпрвин со Радев, а потоа и со Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This