ЗАЕВ: Претседателските избори, прва тема на лидерската средба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Средбата на премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски може да се одржи до крајот на оваа недела, веднаш штом ќе се потврдат роковите, а првата тема на таа средба ќе бидат претстојните претседателски избори.

Моја задача е како претседател на Влада, кој пред 21 месец бил опозиција, да разговарам со лидерот на опозицијата за тоа кои се сите гаранции што треба ние да ги обезбедиме за фер и регуларни демократски избори, кои се одредените резерви што тие ги имаат и да ги отстраниме, затоа што Северна Македонија мора да има кристално чист изборен процес и тоа е обврска на сите. Ќе разговараме и за реформските закони, но ниту јас ниту Мицкоски сме најстручни, треба стручни луѓе од Парламентот и од Министерство за правда да седнат на маса“, изјави Заев на денешната прес-конференција во владата.

Во однос на законот за СЈО тој кажа дека процесот на реформските закони ги води одделно секој министер и во овој случај очекува министерката за правда Рената Дескоска да се види со координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, со координаторот на новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, со Зијадин Села и неговите претставници од Алијанса за Албанците, како и со претставници на Беса.

На новинарско прашање дали в недела на Прочка ќе си простат со лидерот на опозицијата, Заев рече дека е транспарентен во духот на помирувањето.

Во духот на простувањето и помирувањето сум многу транспарентен, на луѓето што држеа пиштол и што викаа ‘немам чиста мета‘ им простив, затоа што животот треба да тече напред. Ние со Мицкоски немаме ништо лично. Ќе продолжам да негувам позитивен дух. На нашата земја ѝ треба дијалог, дијалогот е ветер во грб за сите наши аспирации и ќе продолжам во тој дел без разлика колку се инсинуираат лоши зборови. Ќе продолжам во интерес на државата да го негувам дијалогот“, рече Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This