ЗАЕВ ПРИФАТИЛ ИЗМЕНИ ЗА ФОРМАТА НА СЈО И ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ НА ПРЕДЛОГ НА ОПОЗИЦИЈАТА: Лидерска средба Заев-Мицкоски за СЈО вроди со плод

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Средба на највисоко ниво помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ , се случила синоќа – дознава Лидер од партиски извори.

Поточно, средбата била помеѓу работните групи дополнети со лидерот на опозицијата Мицкоски и премиерот Зоран Заев каде предмет на разговор била иднината на СЈО и новите измени на законот за обвинителство.

Од извори блиски до партиите дознаваме дека бил направен искчекор во однос на некои барања на опозицијата но дека остаува време и уште работа да се дојде до конечно решение.

Било заклучено дека СЈО нема да продолжи и функционира во оваа форма како досега, но и дека начелно е договорено опозицијата да предложи нов јавен обвинител, и останало да се договори временска рамка во која тоа ќе се реализира.

Јавен обвинител предложен од опозицијата е барање на опозицијата со кое се сака да се гарантира дополнителна непристрасност во процесите кои се одвиваат за докажување на правдата.

Мицкоски останал на начелата кои претходно беа соопштени во јавноста а кои треба да гарантираат непсристраснот во работата на обвинителството, почитување на меѓународните регулативи, и одбегнување на можноста за партиски и политички злоупотреби на обвинителскиот механизам.

Тој ја повторил позицијата дека постојното СЈО не е во состојба да испорача правда.
Заев и покрај тврдата реторика која ја кажува во јавоста бил подготвен да разговара за барањата на опозицијата. Разговорите меѓу групите продолжуваат .

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This