ЗАЕВ ПРОДОЛЖУВА ДА ЈА ПОНИЖУВА МАКЕДОНИЈА: Божидар Димитров му порача дека Скопје требало да престане да ја краде историјата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на бугарскиот историски музеј Божидар Димитров коментирајќи ја посетата на Зоран Заев на Софија порача дека Скопје мора да престане со крадење на туѓата историја, јавува Сител.

 

-Македонија мора да се откаже од сегашното име кое е грчко културно наследство и да си избере ново, изјави Димитров во интервјуто за бугарската телевизија.

Тој потсети дека на својот Фејсбук профил предложил 7-8 имиња за Македонија и дека на неговите следбеници најмногу им се допаднало името Југозападна Бугарија.

За Димитров кој е познат по своите изјави за негација на македонскиот идентитет, се спорни и изјавите на рускиот претседател Путин, како и на пратеникот во руската Дума и шахистот Анатолиј Карпов дека кирилицата потекнува од македонска почва.

-Кој е Карпов, бе, шахист?! Прашајте го Христо Стоичков за азбуката, па да видите што ќе каже. Тој си е спортист, толку знае човекот…Нема тука никаков заговор, колку знаел, толку кажал. Тоа е незнање ви кажувам, вели Димитров.

Ова не е прва ваква реакција во врска со изјавата на Путин дадена пред еден месец за време на посетата на претседателот Иванов на Москва, токму на денот на словенската писменост.

Посмирен во реакцијата беше само бугарскиот премиер Бојко Борисов, според кој расправиите за далечното минато и азбуката не се европски пристап.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This