March 28, 2024, 11:00 am

ЗАЕВ ПРОТИВ ОДЛУКАТА ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ВОЈСКА НА КОСОВО: Косовската армија може да предизвика нови тезии на Балканот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не е време, не ни требаат нови тензии, смета Премиерот на Македонија Зора Заев за формирањето војска на Косово.

По завршувањето на денешната Национална конференција за градоначалници, премиерот на Македонија Зоран Заев одговораше на новинарски прашање. Едното од нив беше и за штотуку одлуката на Собранието на Косово земјата да добие своја армија.

Тој апелираше до челниците на сите земји од Балканот да внимаваат на своите чекори.

– Знам дека и ставот на НАТО е тој, не е време. Не ни се потребни дополнителни нови тензии. Да не заборавиме дека Балканот нема намера повторно да биде буре барут. Апелирам до сите колеги да внимваат на своите чекори, затоа што наша заедничка цел на земјите од Западен балкан кои имаме аспирации кон членство во ЕУ, да ја унапредиме соработката и да обезбедиме вечен мир и одлични односи – рече Заев кој додаде дека верува земјите од овој дел ќе се движат во вистинска насока.

Заев апелира политичарите да бидат повинателни во нивните изјави.

– Апел и до мерките кои постојат во делот на царините, да ги преиспитаме, да се вратиме, да ги почитуваме меѓународните заедници. Ако политичарите бидат повнимателни во нивните изјави, верувам дека овој дел, вклучувајќи ја Македонија и нејзините соседи ќе се движиме во вистински правец, рече македонскиот премиер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This