March 28, 2024, 12:52 pm

Заев разговарал телефонски со Борисов за меморандумот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарија останува доследна во поддршката на европската иднина на Северна Македонија, му рекол премиерот на Бугарија Бојко Борисов на премиерот Зоран Заев во денешниот телефонски разговор. Од кабинетот на премиерот велат дека Борисов и Заев изразиле увереност дека двете страни остануваат ангажирани во спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Во телефонскиот разговор се дискутирало и за организација на скорешна посета на премиерот Заев на Република Бугарија, како и за заедничко охрабрување на работата на историските комисии за изнаоѓање заеднички решенија прифатливи за двете страни.

„Во фокусот на разговорот беше Берлинскиот процес и заедничкото успешно претседавање кое е особено важно за зајакнување на регионалната соработка и интеграција на регионот во ЕУ, како и подготовките за претстојниот главен самит кој ќе се одржи во текот на ноември во Софија. Двајцата премиери разговараа и за заедничката соработка во заштитата од пандемискиот вирус КОВИД-19, особено имајќи ги предвид искуствата на Бугарија во обезбедувањето заштитна опрема за стручниот персонал и за граѓаните, стои во соопштението.

Се додава дека била потенцирана и определбата на премиерите, двете држави и граѓаните за целосно искористување на можностите кои постојат за унапредување на економската соработка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This