ЗАЕВ, РАШКОВСКИ И КИМ ЈОНГ УН: Диктаторскиот режим на Заев, под палката на Рашковски во владата забранила пристап до критичките медиуми!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со доаѓањето на новата Влада, во Македонија дојде и северно- корејскиот живот. Како никаде на Балканот и никаде во Европа, македонската влада го блокира пристапот до критичките медиуми во оваа институција, додека соросовите беспрекорно функционираат.

 

Наместо слободни медиуми од кои ќе сака критика, како што најавуваше пред да дојде на власт, Заев во Македонија почна да го спроведува северно-корејскиот диктаторски модел и да блокира медиуми. Во Владата е блокиран пристапот до Инфомакс и останати критички медиуми, додека пристапот до соросовите медиуми функционира без проблем.

Зоран Заев и СДСМ на дело ја демонстрираат нивната демократија и диктаторскиот однос кон медиумите кои своевремено ги нарекоа „најголеми политички непријатели на СДСМ“. Доколку од Владата некој се обиде да го отвори сајтот на Инфомакс, тогаш ќе добие порака дека пристапот е оневозможен, односно блокиран, за што потврда се овие фотографии.

 

Покрај до Инфомакс, пристапот во Владата е блокиран и до низа други критички медиуми за кои имаме потврда како сајтот на Телевизија Нова, порталот „Дудинка“ на новинарот Миленко Неделковски, порталот Курир.мк, како и порталот Јавно.мк. Бројот на блокирани критички медиуми веројатно е многу поголем.

Курир побара коментар од Владата за очигледната блокада на овие критички медиуми, но генералниот секретар Драги Рашковски кратко само порачач дека „информацијата не ни била точна“, иако овие фотографии јасно го демантираат и потврдуваат дека пристапот до споменатите сајтови, меѓу кои и Курир  е блокиран и оневозможен.

-Оваа влада имала и ќе има коректен однос кон сите физички и правни субјекти во РМ. Информацијата не ви е точна, вели Рашковски во пораката.

За разлика од блокадата на овие критички медиуми, пристапот до сајтовите на сдсмовските медиуми како Плусинфо, А1он или пак Либертас се одвива без никакви проблеми. Владата која сега се претставува како реформска и демократска, во пракса се служи со најнедемократски и диктаторски начини за да ги замолчи критичките медиуми.

Претходната влада, која постојано беше обвинувана дека владеела режимски и диктаторски, никогаш не блокираше пристап до ниту еден медиум само поради тоа што биле критички настроени кон неа, за разлика од новата „реформска“ влада на Заев. Истите оние кои зборовите слобода, демократија и слобода на медиумите не ги извадија од уста додека не дојдоа на власт, уште во првиот месец од нивното владеење воведуваат класична цензура кон неистомислениците и блокирање на пристап до медиуми како во Северна Кореја.

Ваков начин на контрола на критичката и слободарска мисла во светот сеуште е актуелна во системите во Куба, Северна Кореја, НР Кина, делумно во Турција, Саудиска Арабија, Конго, Иран, одредени сојузни држави на САД.

Македонија, станува редок член во друштвото на земји цензори, благодарение на Заев и ген.секот Рашковски кој според кажувањата на неговите колеги од факултетот каде што работел, човекот пател од фрустрации па поради тоа ја користел неговата функција да се одмаздува.

 

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This