ЗАЕВ САМО СЕ ПРОШЕТАЛ ДО МАНУ НА КАФЕ, УПОРНО КРИЕ ШТО ДОГОВАРА ВО СОФИЈА: Таки Фити призна дека Владата работи нетранспарентно, но тоа не му пречи (ВИДЕО)

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

МАНУ покажува сериозна незаинтересираност за случувањата кои ги има државата во овој момент. Претседателот на МАНУ во гостување на Телевизија 24 кажа дека не знае за што е преговарано и за деталите на договорот меѓу Македонија и Бугарија. Тој зачудено праша зошто луѓето би мислеле дека МАНУ ги има тие податоци, податоци кои мора да ги има ако се знае која е целта на таа институција, а тоа е заштита на националните интереси.

Сега политички партии и субјекти бараат МАНУ да се изјасни за нешто што се преговара и договара, а МАНУ не поседува такви информации, што дефакто е преговарано, кои се деталите на тие договори и не знам зошто луѓето мислат дека МАНУ ги има тие податоци, изјави Фити.

Тој кажа дека Владата не побарала никаков совет од МАНУ за она што го прави и според неговите зборови не можело тука тие ништо да направат.

-Овој тип на одлуки се фактички политички одлуки, меѓутоа МАНУ ако биде информирана и ако ги добиеме тие информации, апсолутно дека ние со задоволство ќе се вклучиме и ќе помогнеме во таа ситуација. Меѓутоа ние не можеме да ги добиеме тие информации и ако доброволно Владата не се посоветува со нас и доброволно не ни ги даде, ние навистина не можеме ништо тука да направиме, изјави Фити.

Тој признава дека Владата не работи транспарентно и ситуацијата со овој договор ја спореди со Тиранската платформа, за која кажа дека исто немале никакви информации, па поради тоа не можеле да дадат оценка. Тој покажа незаинтересираност за две теми кои се навистина важни за македонската држава.

-Тие не даваат отворени информации, немаме транспарентност во тие процеси, слично беше и со платформата ако се сеќавате, за која што се бараше МАНУ да се изјасни, но ние рековме дека ќе се изјасниме во оној момент кога тоа ќе се обелодени. Сега ќе дојде во Собрание законот за унапредување на Албанскиот јазик, ние тогаш само. Ние тогаш само тоа го кажавме, ништо нема да прифати МАНУ што е надвор од уставот и законите во Република Македонија, истото и сега го велиме. Сега се разбира дека МАНУ која што има законска обврска да бдее над националните интереси, да ги афирмира, да ги развива итн. нема да остане индиферентна ако има такви работи. Вчера не кажа ништо посебно премиерот Зоран Заев, изјави Фити.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This