April 27, 2024, 12:36 am

ЗАЕВ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА СИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛИ НА РМ ОСВЕН НА ИВАНОВ: Во своето обраќање Заев се заблагодари на сите претходни претседатели на државата, освен на Ѓорѓе Иванов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На свечена церемонија денеска пред Владата на Република Македонија во своето обраќање премиерот Зоран Заев ги спомена и им се заблагодари на сите претходни претседатели на државата, освен на актуелниот, Ѓорге Иванов.

– Благодарност до претседателот Борис Трајковски, кој заедно со своите соработници ги загубија животите во авионска несреќа токму во нивната служба да ја направат нашата земја безбедна. Претседателот Трајковски и неговите соработници не смееме да ги заборавиме, завршија една од најтешките работи кога решително ја приближија Реблика Македонија во НАТО и ги отворија ширум вратите на соработка.

Во друга мировна мисија во хеликоптерска несреќа загинаа 11 војници на армијата, миротворци од мисијата АЛТЕА. Нивните животи се во темелите на овие историски моменти. Му должиме голема благодарност и на првиот претседател Киро Глигоров кој со својата цврста заложба за мир се определи за евроатланските интеграци како најзначајна опција. Голем беше влогот и на претседателот Црвенковски за што одавам признание. – рече Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This