ЗАЕВ: Се интензивира изградбата на Kлиничkиот центар во Штип

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на владата, Зоран Заев на граѓанска трибина во Штип истакана дека граѓаните од овој град имаат на што да бидат горди затоа што Штип се гради и се развива на вистинскиот, на прав пат.

– Штип е на прав, на вистински пат затоа што за помалку од две години, се изградени 10 километри водоводи и канализации, 16 километри улици, и подготвен е проект за гасификација во должина од 20 километри. Еден милион евра се одвоени за нов мост на Брегалница и доградба на градската обиколница кој ќе овозможи растоварување на централното градско подрачје од сообраќај. Се гради нова модерна градинка која ќе го реши проблемот со сместувачкиот капацитет на децата, проект вреден 1.000.000 евра – изјави Заев.
Претседателот на СДСМ потенцираше дека со реализација на предвидените проекти дополнително ќе се унапреди квалитетот на живот на граѓаните на Штип.

– Животот на граѓаните овде во Штип дополнително ќе се олесни преку проектите кои се во реализација. Преку изградбата на браната Отињеа која ќе го реши проблемот со водоснабдувањето. Особено е значајно што се интензивира изградбата на Клиничкиот центар кој ќе биде важен не само за Штип, туку и за граѓаните на Кочани, Струмица и целиот источен регион – истакна Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This