April 20, 2024, 12:26 am

ЗАЕВ СЕ ПЛАШИ ОД ОДЕЊЕ ВО ЗАТВОР: Незаконското разрешување на Марко Зврлевски е партиска одлука на Заев за да не одговара за „Поткуп“ и „Пуч“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДС стана синоним за хаос и беззаконие. Постапката за разрешување на Јавниот обвинител Марко Зврлевски која сакаат да ја истуркаат пратениците на СДС и Талат Џафери во Собранието на Република Македонија е целосно незаконска, изјави денес Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Само за да се спаси од кривично гонење за делата како „Поткуп“, Зоран Заев е решен по незаконски пат и надвор од сите законски процедури да го менува јавниот обвинител Марко Зврлевски, пред избори. На Заев не му требаат аргументи и не ги ни бара, бидејќи ги нема. На Заев не му треба ни минимум почитување на регулативата и нема намера да почека да завршат изборите, бидејќи му гори под нозе. Ја губи поддршката меѓу народот и очајно му треба некаква помош, истакна Данев.

Тој вели дека државната комисија за спречување на корупцијата, во врска со процедурата за разрешување на Јавниот обвинител излезе со став кој е јасен и базиран на закон.

-Мислењето на антикорупциска кое вчера го добивме како пратеници но и беше на увид на целата македонска јавност е дека од денот на распишување на избори до денот на завршување на изборите за градоначалник или членови на Совет, односно до конституирање на Советите на Градот Скопје или општините, постои законска пречка да се разрешуваат и да се именуваат лица од и во државни и јавни институции каде надлежност за именување или разрешување има Собранието на Република Македонија, Владата на Република Македонија или други институции кои вршат именување или разрешување, посочува Данев.

Пратеникот вели дека ВМРО-ДПМНЕ е свесно дека мнозинството во Собранието е одлучено да го разреши јавниот обвинител и дека тоа е политичка и партиска одлука на Зоран Заев.

-Како што вчера веќе најавивме пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“ нема да учествуваат во незаконското работење во Собранието на Република Македонија од страна на пратениците од мнозинството предводено од СДС и Талат Џафери во носењето на оваа незаконската постапка. Одговорноста за носењето на одлука за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски и целосното кршење на Изборниот закон е целосно врз пратениците на мнозинството предводено од СДС како и Талат Џафери. Казната за неодговорното и незаконското работење на СДС ќе стигне на 15-ти октомври, посочи Данев.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This