ЗАЕВ СЕ ПЛAШИ ОД ИЗБОРИ: Дали ги злoyпотребува премиерот ЕУ и НАТО во политичката пpecметка со опозицијата?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ги злoyпотребува ли премиерот ЕУ и НАТО во политичката пресметка со опозицијата? Додека од Грција се погласни најавуваат дека Македонија допрва ќе има нови проблеми околу влезот во ЕУ, Заев на домашен терен најавува голема победа на изборите првенствено поради фактот дека со Преспанскиот договор го променил името на државата. Иако за влезот во НАТО земјава одамна ги имаше исполнето сите предуслови, а десетина години по ред добиваше позитивни извештаи од Европската комисија за почеток на преговори, Заев сега ги присвојува сите напори и успеси и на претходните Влади и врз база на истите ја предупредува опозицијата дека нема никакви шанси на следните избори. Како дополнување ги наведува и успешните економски политики,кои засега сепак се ништо повеќе од ветување.

„Со датум за преговори за ЕУ, како земја членка на НАТО, и со добри економски параметри, вашите шанси се никакви за изборите. Нашите шанси се подобри зашто носевме одлуки без разлика на нашите политички кариери, додека некој се криеше и немаше храброст, во име на НАТО и ЕУ интеграциите да направи еден чекор за државата. Само заради сопствените политички калкулации“, истакна Претседателот на Владата на седницата за избор на нови министри и заменици министри.

Според познавачите на приликите во Брисел изјавите на Заев би можеле да се разберат и како неоправдано вклучување на ЕУ и НАТО во пресметка која не е нивна, за што јавноста очекува и произнесување на нивните претставници во Скопје. А додека власта се надева на следните избори да победи благодарејќи на датум за преговори во октомври кој можеби и воопшто нема да год одбиеме, од Грција нови предупредувања дека нема ништо да помине толку едноставно. Заменик претседателот на грчкиот Парламентот, Какламанис изјави дека Нова Демократија не смета декa членството на Скопје во ЕУ е сигурно а Грција се обврзала само да даде поддршка за во НАТО.

„Должни сме да се придржуваме кон Договорот од Преспа, кој е срамен за нашата татковина, во однос на НАТО. Нова демократија е одговорна партија и мораме, за жал, да го почитуваме. Но, никој не смее нашиот став за влез на Скопје во Европската унија да го смета за сигурен. Соседите да знаат: патот кон ЕУ нема да биде послан со рози. И ако судам според реакциите што веќе постојат во Скопје за едноставни теми во спроведувањето, мислам дека ќе имаат големи пречки за надминување“, вели заменикот претседател на Парламентoт и пратеник од Нова демократија Какламанис.

Инаку во пресрет на октомвриската одлука Владата најавува засилена дипломатска активност и посети на земјите кои се противат на проширувањето на ЕУ, пред се на Франција, со надеж да ги убедат да ја подигнат рампата и конечно да го започнеме отворањето на преговарачките поглавја.

ИЗВОР: АЛФА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This