Заев се пофали: Нашол решение за државната матура

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Владата Зоран Заев попладнево ги прими претставниците на Сојузот на средношколци во насока на продолжување на разговорите и изнаоѓање решение за нивните барања за модифицирање на државната матура.

На средбата, на која присуствуваа и директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска, директорот на Бирото за развој на образованието Зеќирија Хасипи, Ѓорги Тасев, советник на Премиерот за млади и младински политики и пратениците Моника Зајкова и Дарко Каевски било посочено дека претходно договореното решение во однос на државната матура, за полагање на два екстерни предмети останува.

Преговорите, како што посочуваат од владината прес-служба, продолжуваат во работни групи во делот на изнаоѓање најсоодветен концепт, односно модел за изведување на интерните предмети.

Присутните на денешната средба се согласиле и ја поздравиле одлуката низ дијалог да се изнајде најсоодветното компромисно решение, кое ќе ги доведе во рамноправна положба сите матуранти да можат да го остварат своето идно образование

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This