ЗАЕВ СЕ ПОФАЛИ СО БИЗНИСОТ СО MAPИXУHA: Фирмата правела преку 100 милиони евра годишно!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев во интервјуто на Сител се пофали дека цвета бизнисот со масло од мapихуaнa во земјава.

-Имаме лиценца дадено за медицинско масло од мapихуaнa со 300 вработени засега, со над 100 милиони евра вкупен приход кој што го остварува, рече денес Заев.

Како што и самиот призна неодамна, овој бизнис во Македонија го превзема токму неговиот братучед Трајче Заев.

Трајче Заев ја има купено оранжеријата “МАМ“ која во овој момент има дозвола од Министерството за земјоделство за производство на маслото за кaнaбиc за медицински цели.

Во објаснувањето што го даде Заев, “МАМ“ е купена од две фирми. Едната е “Еленица“ од Струмица другата е словенската фирма „Фрејкер“ која веќе имала фабрика за произвдоство на кaнaбиc од Германија.

Денес во изјавата за Сител, се пофали и со заработката на семејството.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This