ЗАЕВ СЕ ПРАВДА: Нема капитални инвестиции бидејќи не градиме споменици

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев, премиерот на Македонија, денеска од собраниската говорница за време на пратеничките прашања одговори дека „оваа Влада има нeдoвoлeн процент на реализација на капитални инвестиции затоа што не гради споменици“.


Шефот на Владата беше искритикуван во законодавниот дом дека и оваа година динамиката на капиталните инвестиции е многу помала во однос на проектираната сума на пари. По првите четири месеци таа е помала од 10 отсто од предвидената замисла, слично како и ланската година.

„Капиталните инвестиции не се трошат затоа што не градиме споменици и жални врби. Изведувачите треба да забрзаат за да исплатиме. За патишта, железници, гасификации е предвидена дури 87 отсто од сумата, а 12 отсто за градинки и училишта“, одговори Заев.

– Вашиот министер ви врати милијарда денари во буџетот затоа што не сте реконструирале ништо лани. Знаете ли што значи милијарда денари непотрошени – коментираше пратеникот Илија Димовски по добиениот одговор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This