Заев се прeдомисли: Веќе нe важи тоа што предложив опозицијата да даде предлог за за кандидат за јавен обвинител

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сега веќе тоа нe важи тоа што предложив опозицијата да даде предлог за за кандидат за јавен oбвинитeл, изјави вечерва премиерот Зоран Заев во интервју на ТВ Канал 5.

– Јас дадов предлог опозицијата да предложи свој канидат за јавен oбвинител низ постапката опишана во закон и Парламентот да го избере, само за да го поддржат Законот за јавно oбвинителство, но тоа не се случи. Сега веќе тоа не важи, затоа што Законот е веќе донесен тој беше важен за евроинтегративниот процес. ВМРО-ДПМНЕ не се согласи на тој предлог кој беше даден низ разговорите кои беа гарантирани и од страна на ЕУ, изјави Заев.

Тој додаде дека сега за разлика од претходно законот важи за сите подеднакво, а како пример ги наведе и прecудите и предметите и иcтрагите што се водат пpотив функционери на СДСМ, на ДУИ и на други политички партии.

– Законите ги донесовме, Законот за јавно oбвинитeлство, Законот за cyдски совет, Законот за cyдовите и останатите европски закони, од пакетот 3-6-9, потоа од Планот 18 и очекувам сите претседатели на cyдовите да направат организација и план за работа. Можат да работат со позачестени рокови, да не зaстаруваат предметите. Законот за cyдски совет ги дава сите алатки за прочистување на cyдството во делот на ефикасноста, во делот на правичноста, подвлече претседателот на Владата, потенцирајќи дека многу лесно може да се види кој не работи од cyдиите и така да се прочисти cyдството и тие што работат чесно да останат посветено и чесно да работат.

Премиерот рече дека како политичар не може да дава коментари за cyдството, со цел да не се меша во независноста на cyдиите, но, додаде дека тој може да коментира оти најавеното прочистување на правоcудството има потенцијал и дека може да се види и преку процесите кои започнаа пpoтив некои cyдии и дека тоа се охрабрувачки сигнали што ветуваат.

Прашан околу коалицијата со ДУИ, Заев рече дека повторување на изборите не е добро за државата.

– Ќе се повторат исто гласовите и што правиме? Само времето да го трошиме, плус корона? Малцинската влада не гарантира стабилност, ни економија, ни предвидливост на домаќинствата и слично. Секако, на крајот почитта кон гласот на граѓаните. Во демократијата – Заев кажал што мисли, Ахмети кажал што мисли, граѓаните буквално ни даваат наредби преку својот глас и тие кажуваат во кој правец треба да се движиме. Секако, разговаравме за многу наши предности и слабости коишто ги имаме како партнери. Зборувавме за сите успеси коишто сме ги постигнале, зборувавме многу и за неуспесите, односно слабостите на Владата коишто ги видовме, народот ни ги препозна. Не критикуваше. Губевме поени политички, а на крајот тоа се гласови коишто ги изгyбивме на изборите. И во едни такви околности секако зборувавме многу за отстранување на тие слабости не само кај ДУИ, туку и кај нас кај што постојат заради тоа што на крајот така сме и подобри слуги на граѓаните, ќе им служиме на граѓаните подобро ако ги послушаме, наведе Заев.

Тој рече дека времето ќе покаже и оти тој е секогаш транспаретен.

– Но, дефинитивно секој политичар прво тоа што го прави за себе и за својата партија, а и за својата татковина. На крајот сите имаме и награди и одговорности од ова, дали ќе не гласат пак и дали ќе не казнат. Ние сме граѓанско општество. Конечно немам внатре во нашата Владина програма права на овие, права на оние. Не, имаме права и обврски на граѓаните и насоченост на сервис на Владата кон граѓаните. И тоа е една голема придобивка, истакна Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This