ЗАЕВ СЕ РАСФРЛА СО ЗАКАНИ ПО СТРАНСКИ МЕДИУМИ: Тој што треба да гласа ќе гласа, тој што требало да потпише ќе потпишел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако нашиот претседател Ѓорге Иванов повторно не го потпише Договорот за името со Грција, тогаш ќе има референдум, кој ќе се одржи на крајот на септември, односно на почетокот на октомври. Ова го изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашање на бугарската агенција БГНЕС на маргините на Самитот на Кина со земјите од Централа и Источна Европа во Софија.

Според Заев, политичарите ќе треба да го испочитуваат гласот на народот.

Во изјавата Заев изразил надеж дека претседателот Иванов ќе го потпише договорот.

– Тој што треба да гласа ќе гласа, а тој што треба да потпише ќе потпише, затоа им служиме на граѓаните, потенцираше Заев.

Иванов, како што рече Заев, не може да го блокира процесот.

– Ако не го потпише сега ќе треба да го направи тоа по референдумот, додаде тој.

На прашање дали ќе има импичмент на претседателот, ако тој не го потпише Договор, Заев одговори дека сите опции се можни и повторно нагласи дека единствениот пат за Македонија е полноправно членство во НАТО, а истото го мислат и мнозинството Македонци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This