April 26, 2024, 10:06 am

ЗАЕВ СЕ СРЕТНА СО ТИМОНИЕ: Потребно е зајакнување на борбата против криминалот и високата корупција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на СДСМ Зоран Заев заедно со секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ денеска се сретна со амбасадорот на Франција во Република С Македонија, Кристиан Тимоние.

На средбата беше разговарано на повеќе актуелни теми, како процесот на интеграција на С Македонија во ЕУ, спроведувањето на реформите, но и актуелната политичка ситуација и работата на преодната Влада задолжена за организирање на предвремените парламентарни избори во април.

– Пораките што овие денови стигнаа од претставници на Европската унија покажуваат дека Европската комисија има плам и тоа ни го враќа оптимизмот. Се надеваме дека новата методологија ќе биде изготвена наскоро и ќе понуди фер пристап како за нас, така и за ЕУ. Од друга страна за нас како држава е добро да дадеме дополнителни аргументи пред ЕУ преку усвојување на Законот за јавно обвинителство. Важно е да покажеме демократски капацитет и Законот да влезе во Собранието и да биде усвоен. Законот за јавно обвинителство е важен за правосудството и за државата, порача претседателот Заев.

Осврнувајќи се на темите поврзани со изборите, претседателот Заев истакна дека сега кога опозицијата има претставници во Владата, потребно е сите да преземат одговорност не само за организирање фер и демократски избори, туку и да настапуваат проективно со цел граѓаните што помасовно да го искористат своето избирачко право.

– Преодната влада покрај тоа што треба да организира фер, слободни и демократски избори, треба да ја продолжи реализацијата на политиките и мерките што носат придобивки за граѓаните, заклучи Заев.

Претседателот Заев исто така посочи дека СДСМ е подготвена за избори, дека финишира подготовката на изборната програма која СДСМ ја пишува заедно со целни групи, со стручна јавност, со синдикати и стопански комори.

Францускиот амбасадор Тимоние истакна уверување дека ЕУ ќе подготви нова методологија која ќе биде во интерес на земјите кандидатки за членство во Унијата и С Македонија ќе продолжи со процесот на интеграција. Амбасадорот Тимоние го поздрави напредокот на С Македонија додавајќи дека се уште има простор за напредок во реформите, а за тоа е потребно и носењето на Законот за јавно обвинителство, како и зајакнување на борбата против криминалот и високата корупција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This