ЗАЕВ СЕ УШТЕ ГИ ИСПЛАЌА ХИПОТЕКИТЕ КОН АЛБАНЦИТЕ: Најавува нови уставни измени за задоволување на албанските апетити

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев е политичар со огромен багаж составен од десетици хипотеки и концесии, особено кон политичките партии на Албанците кои му овозможија формирање на Влада и покрај фактот што тој ги загуби предвремените избори кои се одржаа на 11 декември 2016 година. Тогаш Зоран Заев ја прифати Тиранската платформа, која беше своевиден ултиматум од страна на албанските партии со единствена цел седнување во премиерската фотелја. Но и по две години еден Закон за двојазичност, променето име и идентитет, Заев сеуште ги исплаќа хипотеките од минатото.

Зоран Заев во своето интеврју за Алсат М телевизија, во емисијата „200“ најавува ново отворање на Уставот со цел промена на дескрипцијата во Уставот каде албанскиот јазик се нарекува јазик кој го говорат повеќе од 20 проценти од граѓаните, Заев не ја иззема опцијата за нови уставни измени во корист на албанската заедница во Македонија. Тој посочи дека Уставот може да биде менуван и за некои други прашања како на пример начинот на кој се бира претседател на Република Македонија, нешто кое ДУИ многу одамна го бара. Имајќи предвид дека темата беше Законот за двојазичност како што популарно е нарекуван, се отвора прашањето дали тој си остава простор за уставни измени со цел внесување на двојазичноста во македонскиот Устав?

-Ние не сакаме ниту една заедница да биде обележана во проценти. Не ни треба тоа, тоа се граѓани рамноправни еднакви со свои еднакви права и еднакви обврски во државата. Суштината е што правно формално не се отвораше, секој член од Уставот се отвораа четири члена од Уставот и не може да го отворите ова прашање. Јас немам предрасуди затоа што никој не губи ништо со тоа што на некој достоинството му се сочувува. Апсолутно би го отворил Уставот, специјално за тоа не би го отворил да бидеме чесни. Но Македонија пристапува кон ЕУ, сите знаеме дека најдоцна тогаш ќе го отвориме. Можеби треба и порано да отвориме одредени прашања, кој знае како ќе биде. Претседателски избори доаѓаат, може ќе треба да менуваме модели на избор или слично, вели Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This