April 23, 2024, 11:23 pm

ЗАЕВ СЕ ФАЛИ ДЕКА ГРАДЕЛ СПОМЕНИЦИ: Изградив споменици, не сум пpeдавник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на владејачката партија Зоран Заев на трибината „На прав пат“ во Струмица рече дека понудата од Мицкоски е „нула“ и затоа не му поминувале лагите. Го повика до дојде во Струмица и да види „предавникот“ Заев, кој го продал Цар Самоил, а во Градскиот парк е неговиот споменик изграден од пари на граѓаните на Струмица, па до дојде да го види споменикот на Бежанците и да види други споменици и да слушне за други настани со кои се афирмарала нашата држава.


-Еве, да го повикаме ние струмичани да дојде и тука. Кај нас струмичани викаат ‘од кај ти е жен’та, од там ти е род’та’. Да дојде, да се прошета во Струмица, па да го види пpeдавникот Заев, којшто го продал цар Самоил – овде е споменикот на Самоил, во градскиот парк, изграден од Заев и од Советот и од ваши пари, од пари на граѓаните на Струмица. Да го види пpeдавникот Заев којшто се откажал од Бежанците, од Егејците – да оди во Бежанскиот парк и да го види Споменикот на бежанците. Да дојде и да се потсети во времето на peжимот, кога Институтот за македонски јазик ‘Крсте Мисирков’ беше шиканиран од сите – како струмичани, од нашиот буџет, го поддржавме симпозиумот за да си го афирмираме македонскиот јазик. Да го види пpeдавникот Заев што го изгради споменикот на Борис Трајковски и да се потсети на Гоце Делчев, што стои овде со децении, порача премиерот.

Вистински пaтpиот, додаде Заев, е тој којшто си ја почитува својата историја, си ја вреднува, си ја чува, но гледа напред и ја користи за во иднината.

-Нема поважно од иднината на нашите деца и плус има пари за се во државата. Затоа има вистинска опција за овие избори-ако сме вистински патриоти, ако си ги сакаме своите деца и водиме грижа за нашата земја, нема да дозволиме земјата наша да скршне од правиот пат. Доста ни беа сокаци и криви патишта, подвлече Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This