ЗАЕВ СИ ДОБИ СВОЈ КРАСНИЌИ: За да се добие позиција во Владата на Заев, треба да имаш заробено село или град

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наспроти декларативните настојувања на Владата за транспарентност која спаѓа во рубриката гол популизам, денес дознaвме дека Танушевци било “заробено”, па потоа “ослободено”, пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил откако во медиумите се објави дека командант Хоџа добива позиција во Владата, како советник на премиерот Зоран Заев.

-Дека за да се добие позиција во владата треба да се зароби некое село или град, и дека тоа се критериуми за напредок, а не професионалните компетенции, какво образование или минат труд има зад себе. СДСМ и во овој мандат си го пронајде новиот Красничи, но овој пат награден и со позиција во владата. Ова е време кога имаме целосна ерозија на принципите и вредностите. Сите говорат, но владата молчи… а молчат затоа што тонат во сопствената жива кал. Владата, Премиерот и Министерот за внатрешни работи должат одговори… и треба да се свесни дека бргу ќе дојде денот кога за се ова што им прават на граѓаните и на нашата држава ќе понесат одговорност, бидејќи мора во нашата држава конечно одговорноста да има име и презиме, пишува Мицкоски на Фејсбук.

 

Наспроти декларативните настојувања на Владата за транспарентност која спаѓа во рубриката гол популизам, денес дознвме…

Posted by Hristijan Mickoski on Sunday, May 6, 2018

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This