ЗАЕВ СИ ИГРА СО ИНТЕЛЕГЕНЦИЈАТА НА 2 МИЛИОНИ ЛУЃЕ:ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на уставното име

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Браќа и сестри, потенцира Мицкоски, сакам во оваа прилика да повторам дека нема да подржиме договор со кој се планира менување на Уставот, а со цел промена на уставното име. Од ова појасен став нема! Историјата ќе суди кој бил во право, а името на нашата партија било и ќе биде ВНАТРЕШНА МАКЕДОНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА – ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНИ ЕДИНСТВО.


Ова е историски период за сите нас и една раскрсница во која се наоѓаме во нашата историја – се решава проблемот со името, предупреди Мицкоски во обраќањето пред повеќе од 50.000 грѓани на Македонија, кои дојдоа од целата земја да ѝ дадат поддршка на опозицијата во нејзината борба за соборување на разорната влсдт на СДСМ.

-Многумина го очекуваат нашиот став за овој проблем и јас овде пред вас немам друга опција освен да бидам искрен и отворен. Затоа што освен што знам дека таа тема е меѓу првите две од интерес на нашите сограѓани заедно со економијата и подобриот живот, единствените информации се тие што ги дознаваме од јавноста и медиумите, а гледаме дека грчките медиуми се непресушен извор на информирање.

Но ќе ви кажам дека влегов во политиката затоа што ми е важна Македонија, и иднината на моите граѓани и нашите деца. И за мене достоинството и честа градена со години нема цена, а нема цена затоа што чистиот образ е огледалото по која треба да се препознае една личност. И како човек ми паѓа многу тешко кога гледам овие денови како некој друг кој е власт во оваа наша убава земја си игра со достоинството на сите, и ја распродава честа како на пазар, она што е на сите и што ни припаѓа на сите, го продава многу евтино, иако тоа е бесценето.

Но, и си игра со трпението и интелигенцијата на 2 милиони луѓе. Излегуваше Зоран Заев и кажуваше дека нема да има промена на уставот, дека ќе го заштителе идентитетот, дека имал некоја жица од гитарата Македонија се викала. Како поминува времето гледам дека не само што сака да ја искине жицата, туку и гитарата сака да ја испогани и искрши на парчиња. Сега вели промената на Уставот не била промена на идентитетот. Напротив тоа е токму тоа. Ако не беше тоа зошто ја убедуваше јавноста дека нема да дозволи промена на уставот. Уставот ја дефинира нашата земја, нашата држава нејзиното уредување. Тоа е изводот од матичната книга. Сега кога договара промена, сите ќе не ословуваат по тоа ново име кое сам го договара. Ако Зоран се напише во изводот дека се вика еве на пример неговиот омилен збор, ЕВРО, сите така ќе го нарекуваат, Евро Заев. Непоправлива штета. И сега слушајте ме што ви говорам ќе излезе многу скоро и ќе каже не е добро Илинденска Македонија друго име ќе биде, затоа што овој човек нема проблем да излаже, затоа што постојано тоа го прави. ВМРО ДПМНЕ нема да поддржи промена на Устав и промена на име. Историјата ќе суди.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This