Заев си игра со судбините на административците, флексибилното работно време час важи, час не

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ кога дојде на власт во 2017 година понуди и спроведе флексибилно работно време за администрацијата. Ова е можеби и единствената мерка спроведена во претходниот мандат, а сега за истата владата прво носи одлука да ја укине и да има фиксно работно време, но истата премиерот Зоран Заев не ја потпишува по што таа повторно се става на седница на Владата.

Кога СДСМ дојде на власт во 2017 година, една од првите мерки кои ги спроведе беше воведувањето на флексибилно работно време во јавната администрација, а тоа е од 7:30 до 15:30 часот односно од 8:30 до 16:30 часот. Од владата тогаш изјавија дека ваквата мерка се воведува со цел да се овозможат подобри услови за работење на вработените во јавната администрација, како и да им се излезе во пресрет на родителите кои што во различно време почнуваат со работа во училиштата и градинките.

„Ова е една од мерките со која што владата ќе ги превземе во насока на овозможување на подобри услови за работење на вработените во јавната администрација. Но исто така со оваа мерка сакаме да излеземе во пресрет и на родителите кои што во различно работно време почнуваат со работа во училиштата и градинките. Очекуваме оваа мерка да придонесе и кон намалување на сообраќајните гужви. Одлуката ќе почне да се применува од први септември 2017 година, изјави тогашниот министер Дамјан Манчевски.

Но она што не е разбирливо за граѓаните посебно за родителите, е тоа што вчера на владината седница истата влада донесе одлука ова мерка да се укине и работното време да биде фиксно како порано, а тоа е од 8:00 часот до 16:00. Имено, ако пред три години владата тоа го направи за да им помогне на родителите, тогаш дали владата заборави дека во овој преиод флексибилното работно време им е најпотребно на родителите, посебно на оние кои децата ги носат во градинка бидејќи според новите протоколи на градинките децата треба да се носат во временски период кој самите градинки им го одредуваат на родителите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This