ЗАЕВ: Солунскиот градоначалник е вграден во Преспанскиот договор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев денеска во Владата оствари средба со градоначалникот на Солун Јанис Бутарис, кој на крајот на летото го завршува својот градоначалнички мандат.

Според соопштението испратено од прес-службата на Владата, на средбата било констатирано дека се остварени заложбите на премиерот Заев и на солунскиот градоначалник Бутарис за пријателство меѓу граѓаните на двете држави, низ политики на искрена меѓусебна соработка и доверба, уште пред потпишувањето на Договорот од Преспа.

Ќе биде запаметено дека во специфични политички околности имаше луѓе кои поддржуваа дијалог што е база на денешните воспоставени добрососедски односи. Политиките на koнфликт значат зaaгуба за две страни, исто како што заедничките обиди за изнаоѓање решение, значат придобивка за двете страни, пишува во соопштението од Владата.

Премиерот Заев рече дека солунскиот градоначалник, Бутарис, кој е голем пријател на нашата држава, е вграден во постигнатиот Преспански договор.

Денес, нашите две држави имаат голема иднина пред себе, со многу можности. Договорот од Преспа е стратешко партнерство за области значајни за граѓаните на двете земји. Придобивките веќе се чувствуваат, преку соработката во земјоделството, енергетиката, новите инвестиции, соработката на бизнис заедниците, размената на искуства во областа на екологијата и туризмот, заложбите за олеснувања на граничните премини. Од воспоставените добрососедски односи имаме само бенефити. А начинот на доаѓање до решение, низ искрен дијалог, за чувствителни прашања, што се постигна со Договорот од Преспа е придобивка на целиот регион, рекол Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This