April 23, 2024, 11:07 am

ЗАЕВ СО ЗАКАНИ ДУРИ И ДО ТРАМП: „Луѓево ќе направат големи глупости додека се на власт“ – предупредува Чилиманов!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во интервју за американски „Базфид“, Зоран Заев посочува дека упатил покана до претседателот на САД Доналд Трамп, да му помогне во кампањата за референдумот во Македонија, со цел да се убеди населението да гласа позитивно, но во истото интервју, неколку пасуси подолу го криткува поради неговата наводна поврзаност со Русија. Освен ова, Заев истакнува дека ја поддржувал истрагата против Доналд Трамп и неговите соработници – анализира новинарот Цветин Чилиманов

„Црпко во интервјуто за Базфид (Базфид бе) вика дека ги повикал Трамп во Македонија, заедно да одат на митинзи, да му помогнел да успее референдумот. Но, два пасуси подоле, Црпнатицата вика дека Трамп ги напаѓал медиумите во САД и газел на слободното судство (?!). Капак на се, вика дека е добро тоа што Америка имала јаки институции и ги гонела луѓето на Трамп (човекот од кого, нели, бара поддршка за референдумот) за поврзаност со Русите. Практично му се закануваа на Трамп до апсење ако не го поддржи референдумот.
Да не се лажеме, ова не е интервју на Муртињо, ова е напишано од Бејли и Ерик Брнс. Тука гледаме како се надополнуваат и надградуваат удбашките и цијашките Дип Стејт ментални склопови. Истите методи на Бејли со кои сака да ја поништи изборната волја на Македонецот (и нашиот идентитет, и државата која доаѓа со него) истото тоа сега ќе го применеле и врз Американецот затоа што се осмели да не гласа за Хилари.
Сума сумарум, луѓево се скроз забегани, неизлечиво е, и ќе направат големи глупости додека ги тргнеме“ – пишува Чилиманов во својата кратка анализа на текстот објавен на „Базфид“ потпишан од Зоран Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This