ЗАЕВ СО НАЛОГ ДО ДИК ДА СЕ БЛОКИРААТ РЕФЕРЕНДУМИТЕ: Мигрантите мора да се населат во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државната изборна комисија (ДИК) има налог од новата власт предводена од Зоран Заев и СДСМ да донесе одлука дека не смее да има референдуми во општините за населување на мигранти.  Очигледно исплашени од исходот, СДСМ реши преку ДИК да ги минира референдумите.

 

ДИК ќе се обиде да расправа за мигрантите и одржувањето на референдуми, кои според барањата на иницијативата „Будење“, поради кратење на трошоците, добро е да се одржат на истиот ден како и првиот круг од локалните избори.

Толкувањето на членовите на ДИК било дека нема технички можности за такво нешто, што е сосема неоправдано, бидејќи одржувањето на локалните избори со себе повлекува инфраструктура и техничка поддршка и логистика, која треба да се искористи и за одржувањето на референдум против одлуката на владата за доселување на мигранти. Очигледно исплашени од исходот, СДСМ реши преку ДИК да ги минира референдумите.

 

Советниците на СДСМ гласаа ЗА населување на мигранти

На вчерашната седница на општина Битола, советниците на СДСМ гласаа против референдум во нивната општина.

Со ова само се потврди дека советниците од партијата на Зоран Заев го поддржува акциониот план за мигранти на неговата Влада кој предвидува нивно населување во Македонија изградба на станбени објекти за нив, како и бесплатно образование и здравство.

Сепак, советниците на ВМРО-ДПМНЕ издејствуваа во Битола да има референдум. Со 15 гласа ЗА од советниците на ВМРО-ДПМНЕ и со 9 гласа против од советниците на СДСМ е донесена одлука за распишување на референдум и изјаснување на граѓаните по ова прашање.

Министерката Мила Царовска денеска се појави на седницата на Совет во Битола, но избега од неа за да не одговара на прашањата за мигрантите. Досега неколку пати ги менуваше изјавите за оваа тема.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ на министерката и поставуваа прашања за Акциониот план, а дури пред неа и ги покажуваа плановите на Стратегијата која СДСМ сака да ја спроведе и да изгради цели населени места за мигрантите.

 

Тие дури и ја покажаа скицата на Царовска во која е предвидена изградба на камп кај Меџитлија, болница, згради и маркет.

 

-Во тој управувачки комитет членува претставникот на Министерството за труд и социјална политика, Дејан Ивковски. Убаво ќе беше да го земете и Дејан Ивковски со вас денеска овде да објасни дали го информирал претседателот на државата за вашите потфати за носење на Стратегијата и Акцискиот план зашто е обврзан според член 19 од Законот со управување со кризи. Дали го информирал воопшто Управувачкиот комитет за кризна состојба на што како Министерство сте обврзани според член 17 од Законот за управување со кризи? И дали на тој начин сте прекршиле закон и сте ја загрозиле безбедносната состојба на Република Македонија?, прашуваат советниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Неколку градови денеска одлучуваат за референдуми за бегалците

Советот на Општината Штип, денеска во 13 часот на седница ќе расправа за распишување референдум за или против населување и миграција на бегалците.

При тоа, во предлог одлуката, Советот не ги споменува собраните над 4000 потписи од граѓанската иницијатива „Будење за Штип“, туку како што е наведено во предлог одлуката, „од претходен став на сопствена иницијатива“. На ваков начин, Советот за одбегнува сложената процедура со техничката проверката на документацијата, која од некои општински совети беше отфрлена како неуредна. Имено, правниците забележуваат на начинот на собирање на потписите, што се одвиваше со впишување на матичниот број. Освен тоа, спорно е дека носителот на иницијативата треба да е прв потпишан на листата, а и според толкувањата, општината не може да распише референдум за документ што таа го нема донесено. Во случајов, оспорените документи се на Министерството за труд и социјална политика.

 

На последната седница на Советот на Општината Штип во минатата недела, беше донесен заклучок за отпочнување на постапката за рефрендум.

-Донесовме заклучок дека ја прифаќаме иницијативата што ја поднесе група граѓани. Потоа оваа одлука треба да излезе во Службен гласник на општината, а потоа ќе биде закажана седница на која ќе биде донесена одлука за распишување рефрендум по сопствена иницијатива на Советот, изјави по минатонедлната седница претседсателот на Советот, Влатко Миташев.

Во предлог одлуката е референдумското прашање за денот на изборите – „Дали сте за населување и интеграција на мигранти на територијата на општина Штип?“. Граѓаните ќе се изјаснуват со заокружување на „ЗА“ или „ПРОТИВ“. Референдумот би се одржал на денот на локалните избори – 15 октомври. Средствата за одржување на рефрендумот се планира да се обезбедат со ребалансот на општинскиот буџет. Засега не се соопштува за колкав износ се работи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This