March 28, 2024, 10:07 pm

ЗАЕВ СО ПОДДРШКА ЗА КРИМИНАЛОТ НА АНЃУШЕВ: Анѓушев станува мултимилионер со 30 милиони евра капитал преку криминален тендер, Заев го поддржува!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев му дава поддршка на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, капиталот на својата компанија „Фероинвест“ да го зголеми од 23 на 30 милиони евра.

-Не можеме да очекуваме дека деловните луѓе предложени од Коморите, како што е господинот Анѓушев, дека ќе ги пушти да пропаднат компаниите. Да, може тој е сопственик, но тоа е македонска компанија, која што дава плата овде и праќа даноци. Нивните амбиции колку што знам јас, како што ја видов таа компанија, од 23 милиони евра се во во наредниот период да стигнат до 30 милиони евра, изјави Заев.

 

Компанијата Фероинвест претходно доби тендер од ЕЛЕМ. Тендерот го добива само 10 дена по назначувањето на Драган Миновски за генерален директор на ЕЛЕМ. Вредноста на доделениот тендер изнесува 165 милиони денари со ДДВ или 2.6 милиони евра.

На 15 август 2017 година новоназначениот директор Миновски заедно со новиот комерцијален директор Марјанчо Николов, поранешен пратеник на СДСМ од Велес, донеле одлука по јавна набавка бр.01-125/2016 со предмет на набавка Транспортни ленти за ПЕ Рудник. Од вкупно предвидените 258.300.000 денари за оваа набавка повеќе од половината односно 140.086.090 денари без ДДВ му се доделени на конзорциумот составен од „Фероинвест“ од Македонија и Озербанд од Турција кои добиле 3 од 5-те предвидени лота за оваа набавка.

Инаку Анѓушев одби да одговори дали ќе се повлече од сопствеништвото на „Фероинвест“.

-Стојам тука исправен пред вас и јавноста да ги разјаснам политиките на Владата. Фирмите имаат управители и менаџери и јас искрено немам време да комуницирам со нив. Ви порачувам на вас да се обратите, одговори Анѓушев на новинарско прашање.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека Анѓушев ја искористи својата функција за да си додели тендер сам на себе.

-Анѓушев се откажа од својата плата во висина од околу 1.000 евра но очигледно е дека своето домашно салдо го надоградува со милионски тендери и тоа во висина од 2.6 милиони евра, истакна Славче Трпески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Трпески вели дека за да се оправда самиот себеси и криминалната врхушка се обидува да ја изманипулира македонската јавност со смешни образложенија дека тој не е управител на фирмата „Фероинвест“, туку дека управител е друго лице, а тој е само сопственик.

-Ова е скандал од огромни размери. Сите независни правни експерти го осудија вицепремиерот Анѓушев, кој додели тендер сам на себе во висина од 2.6 милиони евра. ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше за вакви „бонбона бизнис” намери на оваа влада, дека нивната примарна цел е само личен интерес и личното богатење со парите на граѓаните, а тоа се потврди и во изминатите 100 дена. ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го повикува надлежното Јавно обвинителство да отпочне постапка за утврдување на кривична одговорност дали и под кои услови тендерот е доделен на фирмата „Фероинвест“ која е во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев, вели членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Трпески посочува дека поради сето ова на 15-ти октомври граѓаните на Република Македонија ќе стават крај на ваквото криминално работење на владата на СДС.

Заев во една прилика при посета на затворот „Идризово“ изјави дека нема судир на интереси во тоа што фирмата Фероинвест, во која што вицепремиерот Кочо Анѓушев е еден од сопствениците, учествува на тендер на ЕЛЕМ вреден 2,6 милиони евра.

-Драго ми е што медиумите ја водат оваа постапка и јавноста треба да знае за тоа. Но, дали тоа значи дека семејството Заеви што произведува ајвар, од нив не треба да набавува ниту една државна институција која има исхрана во заеднички мензи!? Фирмите во Македонија мора да работат, но важно е да се разграничи и да нема влијание при одлучувањето или во управување со фирмата, истовремено истото лице кое е во Владата. Како ќе привлечеме квалитетни луѓе од бизнис заедницата да помогнат во работата, ако од нив бараме да ги затворат фирмите и да ги отпуштат вработените, изјави Заев.

Од „Фероинвест“ истакнуваат дека не само овој, туку се во план да добијат и други тендери. Велат дека и во иднина ќе учествуваат на сите јавни огласи каде има деловен интерес и каде може да понуди  свои производи.

Додека двајцата бизнисмени и политичари со неосновани оправдувања сакаат да ја замајуваат јавноста, законот за спречување на корупцијата е дециден.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This