ЗАЕВ СО СЕРИОЗНИ ЛАПСУЗИ: Мицкоски му помагаше на Заев да се врати во дебатата и да биде коректен во своите изјави

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев, иако премиер на Република Македонија, во клучни моменти од ТВ дуелот со Мицкоски, покажа несигурност и отсутен поглед кој не соодветствува на еден претседател на Влада.

Ако се суди по говорот на телото, кој е најискрен показател на намерите на еден човек, кај Заев се виде дека не го мисли тоа што го зборува, односно дека е во конфликт со мислите. Неодредениот поглед и тонот на Заев од почетокот на дебатата, па до крајот, се менуваа неколку пати, но цело време се гледаше несигурност и деконцентрација од темите клучни за државата.

Во неколку наврати тој беше корегиран од својот политички противник Христијан Мицкоски, при изрекување на сериозни лапсузи. Еден од примерите беше кога неколку пати премиерот го спомна Драмски театар, мислејќи на Македонскиот народен театар.

Џентлменски, Мицкоски му помагаше на Заев да се врати во дебатата и да биде коректен во своите изјави, исправувајќи го кога грешеше, што беше прифатено и потврдено од премиерот, со потврдни зборови.

Слабата концентрација на Зоран Заев е последица на обидот да го оправда неработењето на Владата која ја предводи, но безуспешно, ја отсликува неговата состојба и состојбата на владата, дезорганизирана, конфузна, без јасен правец и конкретни резултати.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This