April 26, 2024, 11:05 pm

ЗАЕВ СТАНУВА СЀ ПОГОЛЕМ СРАМ ЗА МАКЕДОНИЈА: Со Нетанјаху зборувал за згрижување на бегалци од смртниот непријател на Израел, Иран!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Благодарение на несоодветното образование, непознавањето на политичките текови и геополитичките прашања, Зоран Заев продолжува да го руши меѓународниот имиџ и кредибилитет на Македонија

Овој пат, Заев успеал да ја оплеска и со премиерот на една од најпријателските земји на Македонија, Израел каде што со неговиот колега зборувал за згрижување на беглаците од Иран.

Игнорантноста на Заев оди дотаму, што човекот кој работи како претседател на влада, не ја знае разликата помеѓу Ирак и Иран. Како во вицот, „Што е правилно, Ирак или Иран?“.

Имено, во Иран во последните 1.200 години немало никаков вооружен судир, а уште помалку војна. Последен пат кога во Иран се употреби оружје, беше во одбрана на територијалниот интегритет на земјата по нападите на Садам Хусеин, кој сакаше да одземе дел од територијата на Иран.

Истовремено, Иран е и „смртен“ непријател на Израел, и веќе со векови двата народи имаат нерешени прашања, пред се поттикнати од верска омраза.

Но, Заев тоа не го знаел, бидејќи овие информации, очигледно, се премногу за неговиот интелектуален капацитет.

– Ангажиран е и токму во таа функција, беше присутен заедно со нас каде што одржавме доста квалитетни состаноци со високи претставници на Израел. Ние бевме таму да зборуваме за перспективите. Како што знаете, а верувам дека и поголем дел од граѓаните знаат дека Израел е значајна на регулација на бранот на бегалците којшто доаѓа токму од тој дел на светот, вклучувајќи ги Сирија, Иран, Ирак, но и африканските земји, рече Заев и посочи дека во тој дел нашите разузнавачки служби треба да разменуваат информации за поуспешно вградување во колективниот систем за безбедноста. – изјави Заев.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This