ЗАЕВ ТЕРА ИНЕТ НА ИЗРАЕЛ И ЕВРЕИТЕ: Бенјамин Нетанјаху го осуди фашизмот на Бугарија, Заев вели дека тоа е лага и бугарите не биле фашисти!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху говори за фашизмот во Бугарија во Втората светска војна, премиерот Зоран Заев инсистира фашизмот од овој историски период да не се поврзува со Бугарија. Заев практично откако седна со бугарскиот премиер Бојко Борисов и како што рече „со едно кафе се решаваат проблемите“ го стави на страна фашизмот во Бугарија од Втората светска војна запишан во историјата, а кој е отсликан во нивните постапки од тој период. „На кафе“ тој и го потпиша срамниот договор со Бугарија.

Практично израелскиот премиер Нетанјаху за фашизмот на Бугарија од Втората светска војна говори во допис по повод 70 годишнината и 75 години трагичната депортација на Евреите од Тракија, Македонија и Пирот. Дописот е испратен од Нетанјаху до Шалом-Организацијата на Евреите од Бугарија.


– Во годината што доаѓа ќе ја прославиме 70 годишнината од независноста на Израел. Исто така ќе означиме 75 години од херојското спасување на Бугарските Евреи и трагичната депортација на Евреите од Тракија, Македонија и Пирот до Нацистичките кампови на смрт – се вели во дописот.

Во истиот се додава „Евреите имаат долга, богата историја во Бугарија, првите Евреи пристигнале на Балканот за време на Римската ера пред околу 2.000 години. Од тогаш тие живеат, растат и умираат покрај нивните соседи во регионот, преплетени низ генерациите“.

Нетанјаху во дописот оди и понатаму.

– Покрај про нацистичките политики и анти семититизмот, за време на Втората Светска Војна, религиозните лидери и граѓаните жестоко протестираа против депортацијата на заедницата на бугарските Евреи, спасувајќи десетици илјади од сигурна смрт. Сепак, нема да заборавиме дека повеќе од единаесет илјади Евреи од Тракија, Македонија и Пирот беа масакрирани кај Требленика, се вели во документот.

14 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This