ЗАЕВ ТЕРА ПРИКАЗНА, КУПИ ДЕН-ПРОДАДИ: Додека Заев го залажува народот, ги продава националните интереси за што и беше ангажиран!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ветуваа минимална плата од 16 илјади денари, сега ја сведоа на 12, но и тоа зголемување кое треба да го направат газдите на фирмите ќе им се плаќа 6 плус 6 месеци од парите од сите граѓани од буџетот, со што само потврдуваат дека давале нереални ветувања од некомпетентни луѓе. А што после 6 односно 12 месеци? Нема пари, нема музика, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој се обрати на 26-та Годишната конференција на УМС.

 

-Кога ќе секнат буџетските дотации за минимална плата, на еден или друг начин газдите ќе си се снајдат, се разбира на грбот на работниците. Ама приказната на Заев е купи ден продај. 6 месеци или 12 да се купат, па после што ќе биде нека биде. После пак Груевски ќе им е виновен.

Засега, додаде тој, слушаме само за реформи од типот ветер и магла.

-Некомпетентни луѓе на клучни функции. Макрадули како информатичар, ако веќе морало да е заменик министер, секој мислеше дека ќе е во министерствотот за информатика. Заев го стави во екологија. Појма нема човекот од екологија, доправа ќе учи. За директор на агенцијата за админситрација поставија член на ИК на партијата. А нели ќе ја департизираа адмиснистрацијата. Значи стана правило: се што ветуваа тераат обратно. Едно на збор, обратно на дело.

Тоа е оваа влада, рече Груевски и додаде: Базирана на неработење, нестручност, безидејност, хаотичност, немање концепт, немање план,  влада на која народот неможе да се потпре, влада која не држи до дадениот збор, базирана на омрза, гнев и лични фрустрации, пропратена со виткање кичма кога и каде треба. Тоа е во една реченица се за нив. Само рушење, запирање, незнаење, никаде создавање, креирање, модернизација.

 

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This