Заев: Франција може да биде мотор на проширувањето на ЕУ со Западниот Балкан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев денес е во посета на францускиот претседател Емануел Макрон. По средбата се одржа заедничка прес конференција на која францускиот претседател порача дека Македонија заслужува да ги почне преговорите без одложување.

Премиерот Заев по средбата истакна дека ова е историска средба со лидерот на Франција, која, според него може да биде моторот на проширување на Европската унија.

„Вечерва имаме историски важна работна посета во Париз, на покана на Претседателот Макрон. Инспириран од една негова изјава пред студентите во Сорбона во која порача дека во Европа лежи нашиот идентитет и дека Европа ни дава иднина, силно верувам, дека Франција може да биде мотор на проширувањето на ЕУ со Западниот Балкан. За нас е многу важно што Франција го поддржува процесот на интеграција на Македонија во ЕУ, со јасно поставени стандарди и без да се губи време“, напиша Заев на официјалнот фејсбук профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This