April 25, 2024, 12:30 pm

ЗАЕВ ЈА ДОВЕДЕ РАБОТАТА ДО НЕИЗБЕЖЕН КОНФЛИКТ: Албанците сега бараат федерализација и двојзаичност, без разлика кој ќе биде власт!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Понудата и најавата на Зоран Заев и СДСМ дека ќе го менуваат уставот, ќе го укинат рамковниот договор и ќе обезбедат двојазичност во цела Македонија и кантонизација преку поголеми овластувања на општините и нивно етничко здружување – беше пречекана со воодушевување од алабнските партии во Македонија кои ова го препознаа како шанса за реализација на својот национализам и укинување на унитарноста и македонскиот карактер на македонската држава.

zaev_albansko-zname-640x341

Поттикнати од подарокот што им го ветија СДСМ и Заев тие сега отворено најавуваат дека нема да има нова влада ако не им се даде она што Заев го понуди, што значи темелно менување и уривање на македонската држава и губење на унитарноста во единствената држава која Македонците ја имаат. Нивниот план се правила кои важеа за Косово пред отцепувањето од Србија, а кога тие правила се во сила како што покажа праксата – отцепувањето е прашање на време.

siptarana

Од резултатите на изборите на 11 декември ќе зависи дали испорачаните услови од албанските партии ќе бидат предмет на преговори и исполнување. Доколку ВМРО ДПМНЕ освои 63 пратеници, такви преговори нема да има, и Македонија ќе се спаси од оваа закана која е најголема во времето на нејзината самостојност.

Според најавите, македонската победничка партија по изборите на 11 декември ќе биде уценета со низа предуслови од победничката партија кај Албанците за воопшто да почнат преговорите на идните владини партнери за формирање на новата влада. Ако партиите на Албанците учеснички на изборите на 11 декември не отстапат од позицијата „земи или остави”, можно е новата влада да биде без партија на Албанците, и Македонија да влезе во уште подлабока политичка криза, пишува Дневник.

Затоа, единствен сигурен спас од таа криза се 63 пратеници за македонската партија која нема да биде приморана на компромисите кои се наметнуваат по отворените и јавни уцени од страна на албанските партии. Од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ се децидни дека нема да прифаќаат уцени.

Сите четири албански партии кои реално имаат можност да влезат во собранието – ДУИ, ДПА, Алијансата за Албанците и Беса веќе се изјаснија дека без целосно прифаќање на нивните платформи ќе нема преговори за нова влада.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

– ВМРО-ДПМНЕ во моментов е концентрирана на освојување 63 пратеници, бидејќи само на тој начин може да се стави крај на кризата во која СДСМ ја втурна државата во изминативе две години. Освојувањето на мнозинството од 63 пратеници ќе значи крај на секакво пазарење со македонските национални интереси, нешто што го направи Зоран Заев во Швајцарија и пред да почне изборната кампања. Првпат македонски политичар нуди отстапки и ги урива макотрпно градените позиции и нуди менување на Уставот, излегување од Рамковниот договор и воведување двојазичност на цела територија. Освојувањето на 63 пратеници значи давање целосен легитимитет на ВМРО-ДПМНЕ и градење многу подобри позиции во натамошните преговори за формирање влада – вели Иво Kотевски од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

[/kopa_block_quote]

vmro-vo-ohrid-12-1

И коалицијата предводена од СДСМ, доколку победи на изборите, изјавува дека не прифаќа да преговара за нова влада под услови и уцени, но со оглед на рејтизите СДСМ нема услови за победа на изборите па нивните ставови се без тежина, повеќе се реторички.

По овие избори Македонија ќе биде обединета, а не разединета. СДСМ ќе разговара со сите партии што го претпочитаат граѓанскиот концепт, без условувања и уцени. На следната власт приоритет ќе и бидат интересите на граѓаните и обезбедување услови за живот во Македонија – велат од СДСМ.

Од двете партии не коментираат дали доколку тие се победници на изборите ќе прават влада без партија на Албанците, ниту дали Македонија ќе влезе во етничка политичка криза.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Воздржаноста на македонските партии е разбирлива бидејќи предупредувањата на Али Ахмети, Мендух Тачи, коалицијата Алијанса за Албанците и партијата Беса може да се читаат како предизборно кревање на понудите пред својот електорат и позиционирање пред македонскиот партнер пред преговорите за новата влада бидејќи во политиката не функционира принципот „земи или остави”.

 

[/kopa_block_quote]

Партијата на Ахмети прва порача дека и да победи на изборите, нема да биде дел од владата ако македонската победничка партија во целост не ја прифати нивната платформа, односно петте заклетви меѓу кои и еднаква употреба на албанскиот со македонскиот јазик на целата територија, консензуалното одлучување, економска еднаквост… но доколку се прифати целата програма на ДУИ, кои се причините некоја друга партија воопшто да влегува во коалција си нив ако треба да само да исполнува туѓа, и тоа етничка програма.

shiptarana2

Од ДУИ и вчера повторија дека доколку македонската победничка партија ги одбие условите, Македонија ќе влезе во етничка криза.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

– Ќе нема влада без договор за затворање на отворените прашања – велат од ДУИ.

 

[/kopa_block_quote]

Тачи, пак, оди подалеку. Ако ДПА е победничката партија, нема ни намера да почне преговори за новата влада доколку претходно не се одреди датумот за компромис за името.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

– Предуслов од ДПА за да почнат преговори за формирање на владата ќе биде да го одредиме датумот кога ќе направиме компромис со Грција и часот кога Собранието ќе одлучи да го промени името на државата и процесот на интеграции во НАТО и во ЕУ ќе се деблокира. Ова е услов без кој нема да почнат преговорите. По ова, преговорите почнуваат со нашите услови од новата платформа на ДПА, што подразбира дека овие услови треба да се исполнат во одреден рок – вели Тачи.

 

[/kopa_block_quote]

Kоалицијата „Алијанса за Албанците” најави дека нема да биде дел од владата ако не се прифати нивната платформа, со која се инсистира албанскиот да биде втор службен јазик во Македонија, додека Движењето Беса бара целосно редефинирање на државата.

ademi-zekiri-zaev-albanski-miting-sdsm-640x341

Сепак, и покрај уцените на партиите на Албанците, по 11 декември ќе биде јасно дали испорачаните услови биле само предизборен маркетинг и дали победничката партија во албанскиот блок така лесно ќе се откаже од власта. Со 63 пратеници победничката македонска партија ќе има цврста позиција за преговори, а ставот по тие прашања на ВМРО е виден и јасен со децении.

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This