March 29, 2024, 10:15 am

ЗАЕВ ЈА ОТВОРИ МОЖНОСТА 16% МАЛЦИНСТВО ДА ВЛАДЕЕ СО МНОЗИНСТВОТО: Која е иднината и политичката судбина на Македонија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Коалицијата на СДС, Зоран Заев и албанските партии најавува власт во Македонија. Кога ќе се земе во предвид и фактот дека и во СДС има најмалку 60.000 албански гласови и целосно се зависни од вољата на Албанците, и кон тоа ќе се додаде бројот на албанските пратеници во парламентот од ДУИ, Беса, Алијансата и ДПА… математички е лесно пресметливо дека во иднина Македонија ќе има албанска власт врз мнозинството Македонци, или – 20% од населението ќе владее со околу 66% од Македонците и остатокот составен од Турци, Срби, Роми, Власи и Бошњаци.
koco_danaj

Македонците немаат никакво влијание врз власта на Албанците во општините низ северозападна Македонија но, затоа Албанците ја држат власта во цела држава. Тоа е цената која е спремен да ја плати Заев и СДСМ за да добие власт. Оваа секако ќе доведе и до политичка албанизација на државата, влошување на односите на Македонија со Србија и Грција кои исто така се соочуваат со албанскиот експанзионизам, и изолација на Македонците дома и во регионот.

Оваа состојба ќе доведе до зголемено иселување на Македонците од северозападна Македонија, а потоа и од државата, создавање етнички чисти албански територии, намалување на економската моќ на општините каде Македонците се мнозинство и – понатамошно намалување на наталитетот меѓу Макеоднците.

Македонците немаат реална опасност ниту од грчките претензии за промена на името, ниту од бугарските најави за очекувана поделба на државата по што тие гледаат свој дел од тоа, ниту од која било надворешна причина. Македонците решија да исчезнат со фактот што не сакаат да имаат деца кои ќе ги наследат.

За 10 до 15 години, доколку се продолжи со албанизацијата и намалување на наталитетот кај Македонците, тие нема да бидат повеќе од половина од населението во сопствената држава.

natalitet_mapa

Ова е етничката мапа на Македонија објавена во 2016 година во германските водечки весници, и тоа како Берлин ја гледа идната линија на етничка поделба во Макеоднија. Да, секој овде знае дека процентот на Албанци во централна Македонија и Скопје е напумпан но, нема попис кој Албанците го бојкотираат за да се утврди фактичката состојба но, затоа има многу вакви проценки од Германија или Британија кои – по искуство, потоа стануваат факти за политичка употреба.

Проблемот не лежи во миграцијата, бидејќи албанското и ромското население се иселуваат во поголем број од Македонците. Не е проблем демографскиот земјотрес за Македонците со последици на елементарна катастрофа – ни во невработеноста, бидејќи Македонците се повеќе вработени од Албанците и Ромите.

Да ја видиме политичката иднина на среден рок, од околу десетина години, како последица на демографскиот земјотрес кои сами го предизвикавме.

Слободниот пад на наталитетот кај Македонците во државата во следните десет до дваесет години ќе предизвика и сериозни поместувања во политичката сцена. “Белата чума” која пустоши цели региони во централниот и источниот дел на државата може да доведе да губење на голем број гласови на локалните и парламентарните избори кои би се одржале во наредната декада и со тоа комплетно да ја измени сликата, состојбата и односот на силите на домашната политичка сцена.

Минатаите две години за прв пат во историјата на оваа македонска држава бројот на новородени од македонска припадност е под 50 отсто од вкупниот број, а лани имало 2.669 повеќе починати од родени, или толку Македонци се помалку во однос на годината пред тоа.

Од друга страна, пак, кај албанското население во Македонија наталитетот е во константен пораст, па така во 2014 бројот на граѓани од албанска националност е зголемен за 4.907 жители.

nataitet_excel

Ако овој тренд продолжи, на изборите што би се одржале во 2025 година на Избирачкиот список би имало околу 30 илјади гласачи помалку од македонска националност, а 50 илјади гласачи повеќе од албанска националност.

Тоа е разлика од 80 илјади гласови, кои според изборниот модел кој се применува во државата, би можеле на Албанците да им донесат неколку пратенички и градоначалнички места, а според пресметките, секои две години македонските партии ќе имаат еден пратеник помалку во Собранието на Република Македонија, а албанските партии по еден пратеник повеќе.

За период од 15 годни тоа се загубени околу 30 пратенички места за македонските партии што од сегашните околу 90 е пад на околу 60 места, или само на половична застапеност во Собранието кое брои околу 120 пратеници, зависно од тоа колку пратеници има од трите места планирани за претставници на иселениците.

Ако кон ова се додаде и праксата, кога ќе затреба, во албанските средини да се гласа со излзност над 90 проценти, бројот на македонски пратеници во Собранието би бил уште помал.

За илустрација може да се наведе и податокот што во мандатот од 2001 до 2013 година партиите ДУИ, ДПА и НДП имаа 24 пратеници, а истите партии во сегашниот состав учествуваат со три пратеници повеќе, односно со 27 пратеници.

На ова мора да се додаде и фактот што овој тренд следните години ќе се забрза бидејќи македонското население е изразено старо, а албанското население е младо и е во време кога се основаат семејства и се создава потомство.

Ова осообено се однесува на западниот дел од државата, каде што партиите од македонскиот блок добиваат околу една четвртина од вкупниот број пратеници.

nataitet_excel2

Кој ќе владее во иднина?

На последните парламентари избори трите најголеми партии од албанскиот блок имаа мала излезност – освоија безмалку 238 илјади гласови од вкупно излезени 1,1 милион гласачи, или околу 22 отсто. Партиите од македонскиот блок освоија нешто над 800 илјади гласови, што покажува дека соодносот на гласови е по 4:1 во корист на македонските партии.

Доколку наталитетот го задржи истиот правец, за десет години оваа разлика ќе биде 3:1. Но, изленоста кај Албнците на избори нема секогаш да е мала како сега. Да се потсетиме само на состојбата со гласањето за градоначаник на Кичево.

Гледано по избирачки единици, општините со најголем раст на наталитетот се наоѓаат во единиците 1, 2 и 6, каде што албанските партии освоија 80 отсто од своите пратенички мандати. Со овој интензитет, на изборите кои би се одржале за 15 години партиите од македонскиот блок во изборната единица 6 не би имале 2, до најмногу 3 пратеници, а во единиците 1 и 2 би изгубиле барем 4 пратенички места.

Со тоа односот на силите во македонскиот Парламент би бил многу поразличен, бидејќи албанските партии би добиле барем десет пратеници повеќе од сегашниот број. Иако повеќето граѓани сметаат дека проблемот со падот на наталитетот е директно поврзан со економската состојба, светските искуства го покажуваат токму спротивното.

nataitet_excel3

Наталитетот во богатите земји

Така, во некои од најразвиените земји во Европа и во Азија стапката на фертилитет, односно просечен број на родени деца по жена во нејзиниот животен век е мал, иста како онаа со македонското население, иако имаат многу поголем БДП, повисоки плати и помала стапка на невработеност.

Според статистиките, Македонија има иста стапка на новородени (фертилитет) како и побогатите држави Австрија, Германија, Естонија или Италија, а помала има Јапонија и Хонг Конг.

Според експертите, проблемот лежи во системот на вредности, семејните вредности и убедувања, клучните точки на кои се осврна и Владата на РМ со неколкуте кампањи за поттик на зголемување на семејствата со новородени, било да се работи за финансирање на подолги породилни отсуства, надомест за трето дете, изградба на градинки или грантови со финансиски поттик за младите родители.

Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), во 2014 година според припадноста на етничката заедница на мајката и таткото родени се 11.603 Македонци, 7.488 Албанци, 1.080 Турци и 1.226 Роми.

Од друга страна, истата година починале 14.213 Македонци, што е речиси за 3.000 повеќе од родените. Истата година статистиките покажуваат дека починале 3.230 Албанци, што е половина помалку од 7.488 родени припадници на овој етникум.

Доколку се погледнат статистиките од првиот квартал во 2014 година, општини со најдобар наталитет се: Тетово, Чаир, Куманово, Сарај, Студеничани, Струга, Шуто Оризари, Боговиње и Аеродром. Повеќето од нив се наоѓаат во изборните единици 1, 2 и 6, додека општини со најслаб наталитет се: Битола, Карпош, Прилеп, Велес, Кочани, Охрид, Кисела Вода, Кичево, Демир Хисар и Босилово, каде што живее претежно македонско население.

Без навлегување во емоции, лични ставови или проценки, фактичката состојба отсликана и прикажана низ овие бројки покажува дека Македонија се стреми кон целосна етничка и демографска трансформација. Радикално намалување на бројот на Македонците и христијаните и рапино зголемување на бројот на муслиманите во кои спаѓаат етничките Албанци, Турци и Роми.

Оваа трансформација ја менува културата, безбедноста и политичката содржина на државата со трајни последици, ги менува односите и партнерите за соработка па по 15-тина години главни политички партнери на Македонија, соодветно на искуствата од Босна, ќе бидат муслиманските држави како Турција и Саудиска Арабија со сите последици кои од тоа произлегуваат.

Што ова може да донесе лесно е да се претпостави. Засега, и досега, одлуката дали трендовите и последиците ќе можат да се превенираат и сменат е во наши раце. (start.mk)

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This