ЗАЕВ ЈА ПРЕВЗЕМА УЛОГАТА НА САШЕ ШАМАРЛИТИКО: СДСМ започна да печати весник, главен и одговорен уредник Зоран Заев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ со сите сили брза до пред избори да изгледа пред народот што е можно по глупа и по антимакедонска!

sdsmvesnikn
Најновиот „изум“ на СДСМ е дека, гласови ќе “освојуваат“ со отпечатен “весник“ на 16 страни што ја иссмева програмата на ВМРО за овие избори. Весникот, поради тоа, се вика “Отчет“.
Во весникот преку иссмевање на програмата на ВМРО, се открива планот на СДСМ за иднината на Македонија доколку победат на изборите. Па така, СДСМ ги исмева потезите во образованието каде преку екстерно тестирање треба да се утврди нивото на знаењето на средношколецот, но и квалитетот на наставникот што го учел. Доколку има екстерно, Македонија не би имала „ретард“ како Катица Јанева која наводно завршила Правен факултет.
Македонија не би ја имала функционерката на СДСМ Наташа Струмениковска која “тврди“ дека “сите мајки се жени“, па затоа и не ги “дели жените по пол“!Не би имале глупаци на квизот кај Вучиќ кои тврдат дека главен град на Австрија е Вашингтон.

sdsmvesnik
СДСМ е против тие образовни реформи. Они би сакале народот да не е образуван, учен, екипиран со знаење. Какви монструми се тие што не сакаат нивните деца да имаат знаење?
Натаму, во “весникот“ се иссмева континуираниот напор на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски за донесување странски инвестиции од цел свет. Операција која превидува многу обиди и работа, за да има успех. Тоа што е јасно е дека секој обид не значи и дека ќе е успешен, за СДСМ е знак дека не треба да се работи на агендата за странски инвестиции, вработувања, заживување на економијата…
Се исмеваат за “казните за правење ајвар“, ама не кажуваат дека се тоа наметнати потези од страна на ним омилениот им Брисел. Брисел кој смета дека краставиците треба да се прави, лубениците коцкасти и дека хрватите не смеат да „пецаат“ во своето море.

Обезбедување бесплатни проекти за пензионерите исто така за “весников“, односно СДСМ е одвишно. Тој нивен однос во целост комуницира со одземањето на 8% од пензиите од страна на Бранко Црвенковски и СДСМ и крадењето на една цела пензја на пензионерите.

На “весникот“, односно СДСМ, му смета партиската зграда на ВМРО. Сигурно посакуваат сите партии да се како нив, односно со државни згради од времето на комуњаризмот кои се сега дадени под хипотека кај Хари Костов.sdsmvesnik2

“Весникот“, односно СДСМ, тврди дека ВМРО-ДПМНЕ изнело од државата 5 милијарди долари, иако такво нешто како тврдење не можат да го поткрепат со ниту еден аргумент. Спротивно, нивните олигарси Штерјо Наков, Андреја Јосифовски, Давитковски, Савка Европа, Свето Јаневски, Доне Таневски, Хаџимишев… комплетно ги опљачкаа, украдоа и присвоија државните гиганти. А останатите индустриски објекти ги затворија оставајки на улица некоклку стотици илјади работници.
Крајно, покрај сите исмевања со партијата конкурент, има и еден непартиски текст за “козите на Миленко“!

Насловот е “ги субвенциониравме козите на Миленко“.

Потег на давеник е идеата на СДСМ дека на ваков начин ќе приберат гласачи, односно ќе одземат некој гласач од ВМРО-ДПМНЕ. Во ситуација кога на нивните митинзи доминантно знаме е она албанското, а нема Македонско (за она од Кутлеш и да не зборуваме), во моменти кога не убедуваат дека нашите дечиња и внучиња треба да учат уште од градинка албански јазик, во моментите кога Заев ги слави терористите и се слика со оние од Диво насеље, а се исмева со нашите безбедносни сили – во тие моменти нема нормален Македонец што би гласал за таква анти-македонска и предавничка партија.

Испечатиле весник и го делат низ провинцијата?! Реално, одвратно.

По повод навредите изнесени во овој „весник“, побаравме и реакција на Миленко Неделковски:
sdsmvesnik3[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]Го видов весничето. Текстот за козите докажува дека СДСМ е против земјоделието и фармерството. Против приватната инцијатива. Против луѓето што работат и ствараат. Против фамилиите што решиле да се бават со фамилијарен бизнис.
Доколку е до нив, субвенции би требало да продолжат да добиваат и понатаму само татко му на нивниот поранешен потпредседател Гордан Георгиев, фирмите на нивниот поранешен вице-премиер Минчо Јорданов, сите фирми на криминалниот клан Заеви, сите компании на Свето Јаневски – ама не и на фирмата на член на фамилијата на Миленко!!!
За СДСМ е јасно дека имаат желба ние, еве јас, ако може да не сме живи. Да не работиме, да не постоиме…
На СДСМ не им одговараат луѓе што сакаат да работат. Ним им требаат само луѓе што се тролаат на Твитер и што со лажни ФБ профили по цел ден навредуваат луѓе по социјални мрежи.
Ако навлезам во текстот подетално ќе се види нивното основно непознавање на материјата во врска со концесии, субвенции, фармерство, одгледување на стока, производство и продажба на млечни производи. Ќе се види дека нивните земјоделски “експерти“ Ленче Николовска. Љупчо Николовски и слични абдали се на нивото на знаењето на оваа материја на “тендер за субвенции“ Марјанчо Николов, попознат како “тетратка фризура“ – изјави Неделковски за Инфомакс.[/kopa_block_quote]

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This