ЗАЕВ ЈА ПРЕКРШИ ЗАКЛЕТВАТА СО КОЈА СТАПИ НА ФУНКЦИЈА: Ќе ја испочитува ли Заев заклетвата кој тој и министрите ја дадоа за да стапат на функции?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Морална но и законска е одговорноста за прекршување на она на што се заколнуваат премиерите и министрите пред Уставот во Собранието кога стануваат власт.

© AP Photo/ Darko Vojinovic

Изјавувам дека совесно и одговорно ќе ја изврпувам функцијата, дека ќе ги почитувам Уставот и законите на Република Македонија. На ова се заколна премиерот Зоран Заев дента кога официјално стана мандатар, девет години откако кажа дека Македонија мора да ја свитка кичмата за да го реши спорот со Грција. Една година подоцна, сега, сме пред референдум за промена на нашето уставно име по склучен договор со Грција, кој според експертите е противзаконски и противуставен.

Македонија мора да направи отстапка во делот на меѓународната употреба на името, имајќи ја в предвид тешката економска состојба во државата, како и извесното заосрување на изолацијата однадвор, а особено од страна на грција и нејзините поддржувачи – рече Заев.

Последнава година Уставот и законите се прекршени толку многу пати, што се мерат во преседани за неверување.

На прашањето кои се вашите црвени линии, Заев пред неколку години одговори: националното име, националниот идентитет, националниот јазик, нашата национална посебност. Трагедијата е што се вади на маса дека се разговара за тоа, а јас знам дека не се разговара за тоа. Знам дека тема не е нашиот идентитет.

А исто толку пати премиерот ветуваше дека нема да се менува Уставот, нема да му се наштети на идентитетот, името ќе се реши креативно и без болка за македонскиот народ.

На 5 мај минатата година вели:
-Мислам дека 123 земји ја имаат признаено Р. Македонија под нејзиното уставно име. Ќе ја земам за пример САД. Што ќе му кажеме на Конгресот, дека згрешил кога одлучил да не признае?! Не, тоа е така, ние сме за нив Република Македонија и остануваме Република Македонија. Претпоставувам за земјите кои не не признале, за нашиот јужен сосед мора да се изнајде некое решение за меѓународна употреба.

На еден митинг зборувајќи за ставот на ВМРО-ДПМНЕ околу политиката која Заев ја води, лидерот на СДСМ коментира:
Слушам како тоа некој би ја предал Македонија, како тоа некој ќе тргувал со Македонија, колку тоа ги билело срцето затоа што ќе се случеле катаклизими од кои срцето ги боли… Нели кантонизација и федерализација ќе имаше каде е, нели живи луѓе ќе јадеше Заев, каде се, нели ќе имаше бегалски кампови, каде се….

Но, се прифати се што се побара од нас.

Зошто транспарентната влада ги остави настрана уставните експерти кои сега гласно се борат договорот да не стане правосилен? Зошто референдум после ратификуван договор? Остануваат неодговорени и други дилеми кои ја отсликуваат повредата на Уставот, за што извршната власт се заколна дека нема да си ја дозволи.

Извор: Алфа

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This