ЗАЕВ ЌЕ ГИ ОСЛОБОДУВА И ТЕРОРИСТИТЕ ОД ДИВО НАСЕЉЕ:Заев уште пред да ја формира Владата, ветил ослободување на терористите од случајот Монструм и Диво Насеље

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека обвинети за тероризам во притвор се луѓе кои протестираа за одбрана на Уставот на Република Македонија, а меѓу нив светски признатиот оперски пејач Игор Дурловски, доајенот на македонското актерство Владо Јовановски, уметникот Борис Дамовски, Богдан Илиевски, пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Љупчо Димовски и многу други, на слобода шетаат извршителите на петкратното убиство на Смилковското езеро, а Заев најави дека меѓународна истрага, а со тоа и нивно ослободување ќе има и за терористите од Диво Насеље.

Премиерот Заев по денешната средба со косовскиот колега во Приштина најави меѓународна истрага, велејќи дека тоа го заслужуваат граѓаните од двете земји.

-Се работи за ситуација во која граѓаните на двете земји заслужуваат да ја знаат целата вистина. Имаме заеднички став дека треба да има меѓународна истрага или поканети меѓународни претставници кои ќе ги соочат сите елементи и ќе ги дадат одговорите на сите прашања кои ги заслужуваат граѓаните и од Косово и од Македонија, рече Заев.

Уште пред Заев да ја формира Владата, се говореше дека тој ветил ослободување на терористите од случајот Монструм и Диво Насеље, првите се веќе ослободени, додека премиерот најави дека такво сценарио можеме да очекуваме и од оние во вториот случај.

Да потсетиме, кај Смилковско Езеро на 12-ти април 2012-та година, на Велики четврток, само три дена пред Велигден,  беа убиени 4 момчиња и еден рибар. Во акцијата „Монструм“ беа уапсени повеќе осомничени, додека двајцата првоосомничени избегаа. Во првостепена и второстепена постапка беа изречени и доживотни казни затвор.

Во јавноста се коментира и дека е скандалозно од страна на судството под притисок на СДСМ, лицата обвинети за протест каде граѓаните го изразуваа својот револт од тоа што се случуваше во државата, да бидат ставени на исто рамниште како терористи, кои сега впрочем се ослободени откако СДСМ и Зоран Заев дојдоа на власт.

Народот револтирано прашуваат како е можно убијците од „Монструм“, а сега можеби и оние од случајот „Диво Насеље“, да бидат на слобода, а се што е патриотско, заедно со ВМРО-ДПМНЕ да биде под закана и уцена.

И од ВМРО-ДПМНЕ денеска регаираа дека Република Македонија е заробена држава и дека со неа владее хунта.

– Закани, уцени, казни и цензура се одликите хунтата која ја има заробено државата. Хунтата владее со ширење на страв и закани со казни. Актер е во затвор само затоа што си ја сака земјата, а другите актери кои го поддржаа се парично казнети. Директорот на МНТ им се закани со казна на сите актери кои во знак на солидарност не ја одиграа претставата „Ничија земја“ како поддршка на приведениот актер Владо Јовановски од страна на хунтата. Закана врз актери кои изразиле чин на сочувство со свој колега се незабележани во Европа, ниту на било кое друго место во демократскиот свет. Заканите врз актерите се одлика на хунти и фашистички режими, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„Лудилото на хунтата на власт не познава граници. Власта се пресметува со секој искрен патриот. Власта се пресметува со секој Македонец кој излезе и кажа не на Тиранската платформа. Известувањето испратено од Министерството за култура до сите национални установи под негова контрола во кое им се наредува да ги избркаат од работа сите вработени, кои на било кој начин учествувале во протестите на „За заедничка Македонија“ е преседан за една европска земја“.

Хунтата на власт, потенцираат од партијата, сака да влее страв кај граѓаните, за никој да не се осмели во иднина да излезе на протест против нејзините штетни политики.

-Власта директно го крши правото на протест загарантирано со член 21 од Уставот на Република Македонија, казнувајќи и изживувајќи се врз граѓани кои излегле мирно да протестираат и да го изразат својот револт од одредени политики. Ова е атак врз демократијата и не смее да остане премолчен. Власта директно удира врз правото на протест. ВМРО-ДПМНЕ ја повикува меѓународната заедница и меѓународните организации во Република Македонија да реагираат и да го осудат овој чин на политичка тортура против неистомислениците на власта, се потенцира во соопштението.

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This