ЗАЕВ ЌЕ ПРИФАТИ СЕ ШТО ГРЦИЈА ЌЕ БАРА ОД МАКЕДОНИЈА: И за тоа нема да го праша народот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новата власт во Македонија применува незаконско и насилничко работење и тие не се кријат од тоа. Се чувствуваат осилени, но не од народот бидејќи знаат дека народот не ги донесе на власт, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на вечерашниот митинг во Кавадарци.

– Сите знаеме кој ги донесе на власт, затоа мислат дека може се да прават, но на 15-ти октомври ќе им покажеме дали треба да се осилени или исплашени, рече Груевски.

Тој додаде дека во кампања СДСМ ќе вети се што народот сака да чуе, но дека нема да исполни и оцени дека кампањата на СДСМ е полна со навреди, омаловажување, гнев и омраза.

-Во нивната кампања зборуваат дека ќе донеселе живот за сите, како ние тука да не сме живи, ќе донеселе воздух, енергија. Кажуваат апстрактни поими, демагогии, а ништо конкретно и реално, смета Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека СДСМ од затвор пуштила криминалци за да ги искористат за изборите.

Груевски исто така додаде дека при средбата со Коѕиас, тој му рекол дека сака проблемот со Грција, Македонија да го реши исто како со Бугарија.

– По локалните избори ќе се реши и проблемот со Грција, ќе се прифати се што бара Грција од Македонија, рече Груевски додавајќи дека СДСМ ќе оди спротивно од народот бидејќи никој не го прашал народот, ниту пак тој дал согласност за тоа.

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This