ЗАЕВ ЌЕ СЕ ФАЛИ СО ИНВЕСТИТОРИТЕ ДОНЕСЕНИ ОД ВМРО-ДПМНЕ: Нема да се изненадам ако Заев во вторник се нацрта во Прилеп на камен темелник на нова фабрика која ВМРО-ДПМНЕ ја донесе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Никола Груевски на 26-тата годишната конференецијата на УМС, се осврна и на кадровски одлуки на Владата. Тој кажа дека додека ги чека Заев инвестициите од Самака Ибраимоски, Шапуриќ и Рамиз Мерко, новиот премиер оди на отварање фабрики кои ги донесе ВМРО-ДПМНЕ, како што е Џонсон Контролс во Струмица.

-Чекајки ги инвестициите од газда Самка, од  Шапурич и и од мега експертот за странски инвестиции Рамиз Мерко, Заев доаѓа на настани каде се пуштаат во употреба фабрики кои ние ги убедивме и донесовме, како Џонсон Контролс во Струмица кој ќе вработи најмалку 1500 луѓе, и  со кого преговарав во владата во исто време кога на 5ти мај 2015та, хулиганите на  СДСМ тепаа и повредија 40 полицајци пред владата, во исконструиран – лажен настан дека некој прикривал некое убиство, изјави Груевски.

Тој кажа дека нема да биде изненаден доколку Заев се појави на камен темелник на новата германска фабрика во Прилеп, која ја донесе ВМРО-ДПМНЕ.

-И нема да се изненадам ако задутре, во вторник,  Заев се нацрта во Прилеп на камен темелник на нова фабрика од Германија за производство на производи за кујна, кафемати и слично, која само во првата фаза ќе отвори околу 1000 нови работни места, а во следнитедве фази ќе стигне до 3 илјади вработени, и која министерот од владата на ВМРО Бил Павлески ја донесе, и заедно со него ги убедувавме да инвестираат во Македонија, кажа Груевски.

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This