ЗАЕВ ЌЕ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ВО ЈАНУАРИ?: Две можни сценарија за оставка на Заев во јануари најави екс-претседателот на Kpивичниот суд Панчевски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд прашува дали е вистина дека премиерот Заев за помалку од еден месец ќе си даде оставка, пренесе „Експрес“

Судијата Владимир Панчевски кој важи за доброинформиран за политичките збиднувања во земјава не открива од каде ја добил оваа информација.

“Вистина е или??! Оставка на Заев до крај на јануари! Еден ми шепна …. шупотат луѓето….”, напиша на Твитер судијата Панчевски.

Според шпекулациите во политичките кругови има две причини зошто Заев би можел да даде оставка во јануари.

Во првото сценарио тој би се повлекол доколку не успее да обезбеди двотретинско мнозинство за промена на уатавот.

Второто многу поверојатно сценарио е тој да се повлече од премиерската позиција по спроведени уставни измени со цел да се кандидира за претседател на државата.

Со помош на албанските гласачи и помалите заедници Заев може во првиот круг да дојде до околу 300 илјади гласови и сигурно да влезе во вториот круг во трката за претседател која ќе се одржи во април.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This