ЗАЕВ ЌЕ ЧЕКА САМИ ДА СЕ ПОВЛЕЧАТ ОД РАБОТА НЕКОИ ОД РОДНИНИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ: По скандалот дел од роднините на функционерите ќе се повлекувале од државниот сектор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дел од роднините на функционерите кои се вработија во државни институции, најавиле повлекување на работните места, изјави премиерот Зоран Заев. Тој не сакаше да ги открие имињата на функционерите со образложение дека ќе почека тие самите да го сторат тоа.

-Дел од функционерите го најавуваат тоа, па фала Богу гледаат и алтернативи на државните институции. Имаме одлични дефицитарни профили кои можат да бидат и побогати и понапредни ако изберат да одат во приватните институции.

Државата е тука да им помогне на сите млади луѓе, на сите граѓани. Но сакам да напоменам дека правиме детална анализа, се работи за личен однос и лична одговорност на одредени поединци, начинот на конкурирање, фер и транспарентната на правичната постапка во делот на вработувањето-кажа Заев.
Тој повтори дека се прават анализи за начинот на вработувањето и додаде дека извештаите од инситуциите ги очекува во текот на неделава.

-Јас ќе ги соопштам јавно овие информации, но сакам да афирмирам до сите граѓани, како и до граѓаните кои се дел од семејствата на функционерите. Сите ние сме пример во ова општество, ако навистина сакаме да го потврдиме тоа што го зборуваме, дека подобро платени места има во приватниот сектор, дека простор за напредување има во приватниот сектор, дека растот на платите е во приватниот сектор.

Јас верувам дека ќе имаме одлични примери на повлекување, и на тој начин ќе ја покажеме нашата совесност кон останатите граѓани, затоа што сите се еднакви пред законот и пред институциите, но она што треба да биде пример е етичкото однесување на нас, на сите функционери почнувајќи од мене па членовите на владата и парламентот, директори на институции и сл-

Претходно, антикорупциската комисија најави дека отвора предмети за 18 роднини на функционери каде ќе се утврдува дали при нивното вработување во државни институции имало влијание и судир на интереси. Меѓу првите на списокот се роднините на пратениците Мира Стојчевска, Александар Кирацовски, Зеќир Рамчиловиќ, Емилија Александрова, Горан Мисовски, Костадин Костадинов, ќерката на Талат Џафери и сестрите на министерите Асаф Адеми и Крешник Бектеши.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This