ЗАЕВ ЌЕ ЈА БРКА ДУИ ОД ВЛАДА: Заев и Гаши блиску до одлука за исклучување на ДУИ од Владата, консултации и со меѓународниот фактор?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Порталот на албански јазик „Лајм“ пишува дека најновите препукувања помеѓу СДСМ-ДУИ, изгледа дека се сериозни. Ова напнатата ситуација, не започна само од судирите во врска со Законот за албански јазик, и одлуката да се испрати во Венецијанската комисија, каде што ДУИ инсистираше да се испратат на оценување само одделни одредби, додека пак СДСМ целиот закон го испрати за ревизија.

Ова заладување на односите што се случува од неможноста за реформа на правосудниот систем од претходната влада на ВМРО-ДУИ, каде што ова се одрази и со одлука на Врховниот суд, предводен од Јово Вангеловски кој е избран од страна на ВМРО и ДУИ. Пред еден ден овој Врховен суд го суспендира Специјалното јавно обвинителство за кривично гонење, по истекот на рокот утврден со закон.

Нереформирањето на ДУИ, исто така, му смета и на Движењето Беша на Африм Гаши. Од оваа партија сметаат дека ДУИ не рефлектира доволно и дека не се одделуваат од корумпираните структури и покрај тоа што пред извесно време вети такво нешто.
Поради ова Заев и Гаши почнаа консултации со меѓународната заедница, за да се најде најсоодветниот начин за отстранување на Ахмети од владата заедно со неговата партија. Исто како Гаши и Заев, и меѓународните претставници се незадоволни од инсистирањето на ДУИ, по секоја цена да ги брани финкционерите од владата на Груевски, кои треба да одат во затвор.

По инсистирањето на меѓународниот фактор, Заев и Гаши одлучиле на ДУИ да му дадат последна шанса: рок од три недели за да се реформира, или ќе бидат исклучени од владата, пишува во текстот кој го облави Лајм.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This