April 26, 2024, 11:11 pm

ЗАЕВ ЌЕ ЈА ЗБЛИЖУВА МАКЕДОНИЈА СО КИНА: Се сретна со владина делегација на НР Кина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев со владината делегација што ја предводеше, оствари средба со Претседателот на Владата на Народна Република Кина, Ли Кечијанг и кинеската владина делегација на маргините на Осмиот Самит на шефови на влади од процесот за соработка на Народна Република Кина со земјите од Централна и Источна Европа (16+1).

Премиерот Заев на средбата ја потенцираше важноста на поддршката којашто во континуитет Народна Република Кина ѝ ја пружа на Република Македонија од независноста до денес и нагласи дека Република Македонија продолжува да ја поддржува политиката на една Кина.

Премиерот на НР Кина, Ли Кечијанг го поздрави решавањето на билатералниот спор со Грција и рече дека тоа е резултат на лидерството на двете земји и мудроста на граѓаните да бидат насочени кон иднината. Во таа насока кинескиот премиер Кечијанг порача дека НР Кина ги поддржува напорите на нашата земја за интеграција во Европската Унија.

Двајцата премиери изразија интерес за унапредување на трговската и економската соработка помеѓу НР Кина и Македонија во областа на инфраструктура, земјоделството, енергетика, образование, култура и туризам.

Премиерот Заев нагласи дека Договорот помеѓу двете влади за заедничко признавање на академски дипломи и други образовни сертификати е во финална фаза и беше нагласена заложбата дека продолжува соработката помеѓу двете земји.

На крајот од средбата со кинескиот премиер премиерот Заев изрази задоволство што Скопје е назначен за седиште на Координативниот центар за културна соработка од процесот на соработка 16+1 и го информираше кинескиот премиер Кечијанг дека Скопје ќе биде домаќин на „Форумот за култура“ во рамки на процесот 16+1 од 19-ти до 21-ви ноември оваа година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This