March 29, 2024, 10:41 am

ЗАЕВ ЌЕ ЈА ИСПОЛНИ ВЕКОВНАТА ЖЕЛБА НА БУГАРОФИЛИТЕ: Ако на таткото Димитров не му успеа, синот е на добар пат да го оствари неговиот бугарофилски сон!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако на таткото Димитров не му успеа, синот е на добар пат да го оствари неговиот бугарофилски сон, напиша на Фејсбук универзитетската професорка, Билјана Ванковса.

 

– Ако на таткото Димитров не му успеа, синот е на добар пат да го оствари неговиот бугарофилски сон. Патриотите зафатени со роденденски забави и ифтар, социјалдемократите го остваруваат она за што ги обвинуваа вмровците. Жална Македонија! Гледате сега зошто не сме државотворен народ? Затоа што имаме вакви “лидери”, прислужници, се вели во статусот на Ванковска.

Таа во продолжение ја објавува колумната на Ѓорѓи Марјановиќ насловена „Салонска проститутка“ потсетувајќи кога Димитар Димитров демонстративно одби преведувач во Софија.

– Ѓорѓи Марјановиќ за Димитар Димитров, Македонија, Бугарија: „И конечно (иако не најмалу важно!), на софиската промоција, нашиот министер, д-р Димитров, демонстративно одбива преведувач (во духот на доктрината дека е нонсенс преведување од бугарски на бугарски). Притоа, не е јасно зошто воошто дозволил книгата да му се преведе на бугарски. Ако не ни треба преведувач кога зборуваме, уште помалу би требало да ни треба кога читаме. А и – што ќе им е преводот на тој национално просветителски трактат на Бугарите кога тие, според др Димитров, од неговата книга тешко дека ќе научат нешто ново за нашите заеднички предци, за кои најверојатно знаат повеќе од нас Македонците. А токму тука е неговата најголема грешка (Несвесна? Не верувам: Димитар може да сî обвини за сî, само не за глупост. Тој е умен човек.): претците ни се навистина заеднички, но заткарпатски, старословенски, а не бугарски (како што претендира бугарската мегаломанштина).“
Феноменална колумна!, се вели во нејзиниот натпис на Фејсбук.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This