Премиерот Зоран Заев нагласи дека 8 Септември, Денот на независноста, е еден од најсветите и најсветлите датуми од историјата на Македонија.
„Во јубилејот 30 години независност е собрана нашата историја, нашите надежи, нашите сеќавања, нашите остварени стремежи.
Почитувани Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци… Почитувани Бугари, Хрвати, Црногорци и сите други, нека ни е честит јубилејот – 30 години независност. Нека ни се вековити самостојноста и државата.
Да живее Република Северна Македонија!“, вели Заев во објавата на Фејсбук.
Објавата може да ја погледнете ТУКА.