ЗАЕВ ,,MOЛЕЛ” КАЈ МЕРКЕЛ: Во телефонски разговор со неа, побарал датум за преговори со ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев во телефонскиот разговор со германската канцеларка Ангела Меркел побарал поддршка во врска со одлуката за почеток на преговорите со Македонија која треба да ја донесе Советот на ЕУ во јуни, со оглед на тоа дека државата има статус на земја кандидат за членство во ЕУ од 2005 година, го склучи Договорот од Преспа и постигна резултати во поглед на реформските процеси.

-Време е Советот на ЕУ да донесе позитивна одлука за отворање на пристапните преговори. Оваа одлука ќе претставува дополнително охрабрување за да се продолжи со реформите во Македонија, посочил Заев во вчерашниот телефосни разговор со Меркел.

Двајцата соговорници, како што соопшти владината прес-служба, констатирале дека спроведувањето на Договорот од Преспа е добра вест за Европа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This