Заедничка владина седница со Косово утре во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владите на Република Македонија и Република Косово утре во Скопје ќе одржат заедничка седница, на која ќе се потпишат низа договори и меморандуми со кои ќе се продлабочи и зајакне соработката меѓу двете држави.

Договорите, како што информираше на денешната прес-конференција владиниот портпарол Муамет Хоџа, се од областа на инфраструктурата, дијаспората, енергетиката, економијата, туризмот безбедноста, иноваци и технолошки развој и други области.

Владата, на вчерашната 106-та седница ги утврди пакетот договори и меморандуми за соработка со Република Косово, кои што се предвидени да бидат потпишани на заедничката седница.

– Оваа информација произлегува како резултат на ангажманот на работната група составена од претставници од двете влади. Целта е да се задржи континуитетот во развивањето на добрососедските односи, имајќи предвид дека вакви седници беа одржани и со другите соседни земји, информираше на денешната прес-конференција владиниот портпарол Муамет Хоџа.

Придобивките, посочи Хоџа, од средбите се подобрување на трговската размена, подобра комуникација на граѓаните и бизнисот од двете страни, проекти од заемен интерес и подобра меѓугранична соработка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This